Македонија
Пендаровски се сретна со генералниот секретар на НАТО, Столтенберг
Претседателот Стево Пендаровски, во рамките на работната посета на Брисел, денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
На средбата беше дискутирано за соработката меѓу Република Северна Македонија и НАТО, за актуелните регионални и безбедносни прашања, за надворешнополитичките приоритети на земјава и за можностите за продлабочување на соработката во справување со последиците од глобалната пандемија на Ковид-19.
Пендаровски во разговорот со Столтенберг ги реафирмира подготвеноста и посветеноста на Република Северна Македонија во промовирање на мирот и стабилноста истакнувајќи дека земјата и во иднина активно ќе придонесува во меѓународните мировни мисии предводени од НАТО во регионот и пошироко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Имам чувство дека некој го мести Филипче, нека расчисти побргу со неговите советнички тимови
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките од страна на претседателот на опозицијата Венко Филипче за банкарските кредити за стопанството, изјави дека понекогаш се чуди на изјавите од опозицијата.
„Имам чувство како некој намерно да го мести, тешко на новоизбраниот претседател на СДСМ, бидејќи од сите комори, од стопанствениците, од компаниите стигаат навистина позитивни вести, воодушевување и благодарности. Само од него успеавме да слушнеме критика, немам што да коментирам, можам да го посоветувам дека што побргу расчисти кај него во неговите советнички тимови, толку подобро ќе биде, и ќе биде и за државата подобро, бидејќи ќе имаме навистина конструктивна опозиција“, рече Мицкоски и додаде:
„Затоа што ваков тип на пораки, сега ние мораме да ги коментираме бидејќи сепак станува збор за најголема опозициска партија, но навистина се чудни. Еве во најмала смисла се чудни.“
Македонија
Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ 26-ти пат одбија да гласаат за набавка на нови автобуси
Денешната седница на Советот на Град Скопје е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните советници немаат намера да го средат хаосот во јавниот сообраќај, велат од Град Скопје.
Според нив, денес повторно се докажало дека всушност тие се креатори на хаосот.
Повторно го блокираа проектот за БРТ со кој Скопје би добил 60 нови автобуси во рамки на брзиот автобуски превоз.
И како тоа да не е доволно, Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот.
Оттука, апелираме до граѓаните, следниот пат кога имаат можност својот глас да го дадат на локални избори за избор на Совет на град Скопје, да не веруваат на ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од Градот.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патниот правец Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин
Сообраќајот на патниот правец Гостивар – Стража е во прекин поради случена сообраќајна несреќа.
Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија сообраќајната несреќа се случила пред УО Империјал.
Сообраќајот на овој патен правец е во прекин од 12.30 часот.