Македонија
Пендаровски се сретна со претставници од Националниот совет на инвалидски организации
Претседателот Стево Пендаровски денеска по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември, прими претставници од Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.
Претставниците на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија го запознаа претседателот со тековните активности по повод одбележувањето на 3 Декември, како и со положбата на лицата со попреченост. Главни предизвици со коишто секојдневно се соочуваат овие луѓе, како што посочија, се непристапноста до објектите, недостиг на литература со Брајово писмо, мал број на толкувачи на знаковен јазик, како и малата финансиска помош од државата. Но она што за нив е најголема пречка, како што потенцираа претставниците на националните сојузи на здруженија на лица со инвалидитет, е стигматизирањето на овие луѓе од општеството.
„На средбата претседателот Пендаровски истакна дека е свесен дека инклузијата на овие луѓе во општеството не е на завидно ниво и дека затајува и функционалноста на институциите. Во таа насока, како што посочи претседателот Пендаровски, неговиот кабинет за луѓето со попреченост е отворен во секое време. Истовремено, претседателот Пендаровски изрази поддршка за активностите на инвалидските организации и подвлече дека и натаму ќе се залага за понатамошно подобрување на правата на овие лица, преку подобрувањето на законската легислатива и преку нејзино доследно имплементирање.
Пендаровски им порача на претставниците од Националниот совет на инвалидските организации на Македонија дека без оглед на состојбите, треба и понатаму бескомпромисно да се залагаат за афирмирање на нивните потреби и права, за што секогаш ќе ја имаат неговата безрезервна поддршка“, се вели во соопштението.
На средбата присуствуваа претставници на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, како и на националните сојузи на слепи, на глуви и наглуви лица, на луѓе со телесен инвалидитет на Македонија, претставници на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, на националниот сојуз на цивилни инвалиди од Втората светска војна и претставници на националниот сојуз на инвалиди на трудот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи
СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот.
– Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска”, при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан”, „Јане Сандански“ и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.
Македонија
Ковачевски: Имаме задача да не се откажеме од европскиот сон за подобра и просперитетна држава за идните генерации
„Нашата генерација има задача да не се откаже од европскиот сон на земјата и да направи сè за Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митингот на Коалицијата за европска иднина во Кичево.
Ковачевски истакна дека денеска кога чествуваме 121 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, важно е да се потсетиме дека низ историјата нашиот народ не се откажувал дури ни пред најтешките предизвици. Порача дека 8 мај е нов историски крстопат, денот кога сите прогресивни и демократски сили во државата треба да одлучат државата одлучно да продолжи на патот кон Европската Унија.
„Само така ќе изградиме подобра и просперитетна држава за идните генерации. Држава со европски животен стандард, европски вредности, европски правила на игра“, рече Ковачевски.
Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел и ќе можеме да се збогуваме од ЕУ, истакна Ковачевски.
„Не смееме да ја повториме грешката од минатото и да дадеме преголема моќ во рацете на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ. Уште се свежи раните што ѝ ги нанесоа на државата за време на нивното 11-годишно владеење на Македонија. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор, натепаните студенти во библиотеките и плоштадите. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци од ВМРО – ДПМНЕ“, истакна Ковачевски.
Лидерот на СДСМ пред граѓаните на Кичево најави повисоки плати и пензии, пакети за поддршка на учениците и студентите, одговорна социјална политика и одлучна борба против криминалот и корупцијата.
Македонија
Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај
Тука сме на лице место за да ги разобличиме лагите кои што СДСМ се обидуваат да ги пласираат до јавноста, рече Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
– Овде во Дреновската клисура каде што сме на самиот старт на почетни градежни активности, а за кои што слушнавме дека во 90 % експресниот пат е завршен. Овие се истите лаги исто како оние на почетокот на нивниот мандат кога Фејсбук и Гугл чекаа на граница, истите лаги како фабриката за автомобили во Тетово. Но, македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде на ова место е сам старт на почеток на градежни активности, а не е видлив ниту крајот на она како што тие сакаат да го пласираат. Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која што има обезбедено средства и за која што можеше исто да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што и се бараше рекет за да остане да го гради автопатот и се изгуби значително голем период од изградба на патот и барање на друга компанија, рече тој.
На лагите од СДСМ им нема крај, овие лаги мора да завршат, затоа на 8-ми мај ве повикувам сите да заокружите број 2 за да и ова автопатско решение биде завршено и биде ставено во функција на секој граѓанин на Република Македонија, додаде Проданоски.