Македонија
Пендаровски уште еднаш покажа дека виткањето кичма е единствената политика што ја познава СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот претседател, Стево Пендаровски едвај дочека уште на првото појавување на интервју да ги поткопува позициите на Македонија во однос на надворешната политика. Пендаровски уште еднаш докажа дека СДС нема конзистентност во политиките. Пендаровски уште еднаш покажа дека „виткањето на кичма“ е единствената политика која ја познава СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пендаровски и аналитичарите од СДС ги поткопуваат позициите на државата на меѓународен план. СДС си го покажа вистинското лице и ставот дека се контра политиките на стратешкиот партнер на Македонија, САД.
Сервилноста и аматеризмот во надворешната политика која ја водеше Пендаровски и СДС ја доведе државата во незавидна позиција.
Кому му служат изјавите на Пендаровски?
Пендаровски со неговите изјави и пазарџиски политики, како и откривањето на разговори од средби со дипломати, само ги руши националните интереси и ги открива државните позиции, со што и прави штета на Македонија.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, постојано ги унапредува и зајакнува односите со стратешките партнери на државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Аеродром, Кисела Вода и Студеничани денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците дел од викендица во населба Морани (општина Студеничани)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од ул.АРХ-Сатир Томовски (општина Аеродром )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел околу ул. Ѓорѓи Андреевски Кун бр. 26 (општина Аеродром )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од ул.Ѓоро Малешевец (општина Кисела Вода )
Македонија
Променливо облачно, попладне, а особено во текот на ноќта, со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни

Времето денеска, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер.
Попладне, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни (над 15л/м2) во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите повремено ќе бидат поројни (над 15 л/м2), во форма на невреме проследени со појава на грмежи и силен јужен ветер (над 60 км/ч).
Поинтензивни процеси ќе има утре во вечерните часови во текот на ноќта и во четврток претпладне. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок.
Во сабота локално, а во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури.
Македонија
Триесет дена притвор за Капушевски, Муча и Сулкоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ оди во куќен притвор

Судот определи 30 дневен притвор за бизнисменот Ратко Капушевски – сопственик на фирмата РКМ, Ерџан Сулкоски и ексдиректорот на ЕСМ, Адријан Муча, во случајот со спорниот тендер за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино.
Од Кривичниот суд вечерва информираа дека за нив постои опасност од бегство и околности кои укажуваат на попречување на истрагата со влијание на сведоци.
Во однос на осомничениот Асмир Јахоски – сопственик на „Пуцко Петрол“, по произнесување пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од Судијата на претходна постапка, велат од Кривичен.
За останатите седум осомничени кои беа спроведени во судот, судијата го прифати предлогот на Јавниот обвинител и донесе решени за определување на мерки за претпазливост.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Претходно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за тринаесет лица и една фирма, поради злоупотреба на тендер за набвака на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Во акцијата што под раководство на јавен обвинител се спроведуваше на повеќе локации во Скопје, Велес и Кичево, уапсени беа 11 лица.
Со истрагата е опфатен и екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во бегство и се бара со меѓународна потерница за случајот Адитив.