Македонија
Пенов му посака успешна работа на Перински, разговараа за досегашната работа на Министерството и реализацијата на тековните проекти
Во Министерството за локална самоуправа, денеска, е направено формално примопредавање на должноста министер за локална самоуправа. По изборот во Собранието, новиот министер за локална самоуправа, Златко Перински, во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер, Ристо Пенов.
На средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти на Министерството за локална самоуправа, за имплементацијата на политиките за локален и регионален развој, за спроведувањето на ИПА-програмите за прекугранична соработка, како и за финансиската поддршка на општините и на планските региони, што се реализира од буџетските програми на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој.
На средбата беше истакнато дека управувањето со ова министерство има предизвици затоа што локалниот развој директно влијае на квалитетот на услугите и на животот на граѓаните.
Пенов на Перински му посака успешна работа во интерес на сите граѓани. Беше истакнато дека е најважна финансиската поддршка на проектите, но и подобрувањето на функционалноста на локалната самоуправа преку постојано подобрување на услугите, отчетноста и транспарентноста.
Исто така, беше истакната соработката на Министерството со меѓународните организации и агенции во земјата, кои во континуитет го поддржуваат процесот на децентрализација, како и развојот на општините и на планските региони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

