Македонија
Пенов: Преку проекти вредни над 80 милиони денари се подобрува животот на жителите во Куманово и околината
Интензивно се работи на седум проекти во Куманово со буџети над 80 милиони денари наменети за подобар живот на кумановци, беше заклучокот на министерот за локална самоуправа од денешната средба со градоначалникот Максим Димитриевски.
Министерот за локална самоуправа и градоначалникот денеска ги потпишаа договорите за проектите преку ИПА-програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија, кои имаат цел одржлив туризам и подобрување на конкурентноста на туристичката понуда на регионот. Проектите „Соработка во визуелните уметности за промоција на културниот идентитет на регионот“ и „Подобрување на туристичкиот потенцијал во Ќустендил и Куманово преку модерна визија за регионите“ се спроведуваат од страна на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општина Куманово.
„Прекуграничните проекти се важни за нас затоа што се инвестира во туризмот како сегмент кој ни е потребен, така што за овие два проекта вкупната вредност од македонската страна е над 160 илјади евра. Заедно во двете држави, во двата програмски периода, реализирани се 178 проекти во вкупна вредност од речиси 40 милиони евра или по 20 милиони за секој програмски период. Програмата за прекугранична соработка со Бугарија е во најнапредна фаза. Почнат е и третиот програмски период во кој на располагање се речиси 30 милиони евра“, рече министерот.
Во рамките на проектите, освен македонската Влада, финансиско учество имаат швајцарската Влада и ЕУ.
Територијалната противпожарна единица во Куманово ќе добие нова противпожарна опрема, која ги покрива општините Ранковце, Липково и Старо Нагоричане, а се проектира и систем за рано известување, со цел да се спречи ширењето на пожарите и да се предизвикаат штети од поголеми размери.
„Средствата од ЕУ исто така се пари на даночни обврзници и очекувам да покажеме капацитет за одговорно и отчетно управување со јавните финансии во согласност со правилата на ЕУ. Овие програми, пред сè, имаат цел да ги научат одговорните институции и оние што аплицираат како се спроведуваат проекти и како се реализираат јавните финансии на транспарентен и отчетен начин. Општините може да реализираат проекти што ќе бидат корисни за граѓаните, ќе решаваат проблеми, без притоа да се потроши и еден денар од општинскиот буџет. Токму и затоа Министерството за локална самоуправа го покрива националното кофинансирање од 15 отсто, што е услов да се користат средства од ИПА-инструментот. Тука сме да им помогнеме на апликантите и да ги стимулираме да подготвуваат проекти со што директно влијаеме за поголема апсорбција на средствата од ЕУ и за градење на нашите капацитети, што исто така е многу важно во процесот на интегрирање на Северна Македонија во Европската Унија“, заклучи Пенов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.
Македонија
Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет.
„Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска“, соопшти Судот.
Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, Јошевска Анастасовска е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.
Од Судот информираат дека заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповиканата расправа.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.

