Македонија
Периодот на нестабилно време ќе се задржи до сабота

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ=5
Во Скопје, променливо облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До сабота ќе продолжи периодот на нестабилно време. Претпладне ќе има сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови наместа со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Од недела ќе настапи постепено стабилизирање на времето со пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од четврток, а поради продор на постудена воздушна маса од север во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Без вода дел од „Киро Глигоров“, „Индустриска“ и околните објекти

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради изведување на водоводен приклучок од Ф500мм на ул.7,2 во Јазол 1 на булевар Киро Глигоров бб, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од булевар Киро Глигоров и Индустриска и околните објекти (ф-ми МЕРЦЕДЕС, СЛАВИЈА, ФОН факултетот и др.)
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување.
Македонија
Без струја дел од Кисела Вода и Ѓорче Петров

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата Димо Хаџи Димов – зграда број 105А и зграда број 116 во општина Кисела Вода;
· Во периодот од 09.00 до 15.37 часот, дел од корисниците во Волково улица 101, 102, 103, општина Ѓорче Петров.