Контакт

Македонија

Петит: Франција е на страната на Македонија

Објавено пред

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, и координаторот на Клубот на младите, пратеникот Ивана Туфегџиќ, остварија работна средба со Федерик Петит, пратеник од Националното собрание на Република Франција, во придружба на францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние.

dobivaj vesti na viber

Петит ја потврди искрената и континуирана поддршка на Република Франиција за евро-атлантските аспирации на Република Македонија, при што ја потенцира француската поддршка во контекст на нашето зачленување во Европската Унија и НАТО. Франција континуирано продолжува внимателно да ги следи случувањата и останува силно посветена на евро-атлантската интеграција на Република Македонија.

Петит истакна дека Република Франција е на страната на Македонија, а односите помеѓу политичките парти внатре во Собранието на Република Македонија се од суштинско значење за државата. Тој го поздрави усвојувањето на уставните амандмани како важен чекор на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, се заблагодари за поддршката на Франција за нашите евроинтегративни процеси, информира за успешно завршените задачи на почетокот на годинава, со посебен акцент на усвоените уставни амандмани, со кои се имплементира преспанскиот договор, со што се надмина блокадата од Република Грција за добивање датум за почеток на претпристапните преговори со Европската Унија. Во однос на реализацијата на реформите во владеењето на правото, а кои ги бара од нас Европската Унија, извести и за неодамна усвоениот Закон за борбата против корупцијата и судирот на интереси, како и за повеќе закони од областа на правосудството, реформите во безбедносиот сектор и јавната администрација, кои се во крајна фаза на донесување во Собранието.

Координаторот на Клубот на младите, пратеникот Ивана Туфегџиќ, изрази благодарност за постојаната подршката што Република Франција ѝ ја дава на Република Македонија напоменувајќи дека соработката ќе продолжи и во иднина на едно повисоко ниво.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ поднесува амандмани за членот од Кривичниот законик што самите го укинаа пред три години

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ реагира на најавените амандмани на СДСМ за измена на Кривичниот законик, обвинувајќи ја опозициската партија за лицемерие и политичко глумење.

dobivaj vesti na viber

„Монти Пајтон на СДС. Кривичниот законик што го укинаа во 2023 година и со којшто се амнестираа нивни функционери, сега поднесуваат амандмани да го вратат“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата обвинуваат дека СДСМ ја поминала границата на, како што велат, лицемерие и играње со чувството на народот, глумејќи дека не била власт до пред една и пол година.

„Сите штетни договори, тендери и закони се потпишани во нивно време. Па и оние што ги укинаа – како членот 353 со кој си се амнестираа од криминал и си ги заштитија своите функционери“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, токму СДСМ го избришала тој член од Кривичниот законик, а сега „глумат дека сакаат да го вратат“.

Во соопштението се додава дека новиот Кривичен законик, којшто Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ планира да го донесе оваа година, ќе биде во согласност со Канцеларијата на Европа и Венецијанската комисија.

„Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот!“, стои на крајот од соопштението на партијата.

СДСМ поднесе амандмани на сопствените измени на Кривичниот законик

СДСМ претходно денеска најави дека поднесоа повеќе амандмани на Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, меѓу кои и измена на членот 353 – „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и враќање на решението што важеше пред измените на Кривичниот законик од 2023 година.

„Сегашните измени кај членот 353 ја намалуваат одговорноста кај најважното – тендерите. Ова мора да се промени“, велат од СДСМ.

Филипче јавно има признаено дека згрешиле со измените

Лидерот на СДСМ Венко Филипче во 2024 година, по изборите на кои ја загубија власта, изјави дека згрешиле со Кривичниот законик кој го донесе неговата партија, а со кој на обвинетите корумпирани функционери има застаруваат делата. Филипче тогаш кажа дека за време на изборната кампања, средбите со граѓаните и резултатите на изборите увиделе дека направиле грешка со измените кои самите ги предложија и ги изгласаа во Собрание.

Измените на кривичниот законик во 2023 беа донесени преку ноќ, со европско знаменце

На 6 септември 2023 преку ноќ беа донесени измените на Кривичниот законик во ставот 3 од членот 353 за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања, каде беше предвидена затворска казна од најмалку три години, ако сторителот прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета. Со измената, казната беше намалена на една до пет години затвор. Предметите за злоупотреба на функцијата сега застаруваат за само 10 години, бидејќи максималната казна за ова дело сега е само 5 години затвор.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Нема подигање пратки од Пошта, вработените протестираат за плата: ги минаа празниците и најдолгиот месец во годината без пари

Објавено пред

Вработените во Македонска пошта од целата држава денес излегоа на протест преку кој побараа да им се исплати платата која им доцни повеќе од 45 дена. Ќе продолжат да протестираат се додека не им биде исплатена платата, па оние кои сакаат да земат пратки од Пошта или бараат друга услуга, нема да ја добијат. Вкупно 1700 вработени и околу 300 поштари со договор на дело се уште ја чекаат декемвриската плата за чија исплата законскиот рок е 15 во месецот.

dobivaj vesti na viber

Во оваа компанија 60% од вработените работат за минималец, и тој минималец не можеме да го земеме., вели претседателот Синдикатот, Сашо Димитриевски

„Ова ни се случува веќе неколку месеци, ова е трет или четврт месец како ни доцни платата, но овој месец го проби дното бидејќи денес сме веќе 23. Вработените се крајно револтирани затоа што и покрај тоа што во оваа компанија 60% од вработените работат за минималец, и тој минималец не можеме да го земеме. Овој протест ќе трае се додека не се создадат условите за добивање плата“, рече претседателот на синдикалната организација на Македонска пошта, Сашо Димитриевски.

Тој нагласи дека нема да дозволат и следниот месец да им доцни исплатата на платите и уште следната недела ќе преземат активности и ќе го известат Управниот одбор дека следниот месец ќе излезат на протест уште на 15 или 16 ако не добијат плата. Не ја исклучуваат и можноста за поригорозни чекори и штрајк.

„Овој проблем во Македонска пошта не е од сега, се влече веќе петнаесетина години, живееме на шкрги. Проблемот е тоа што дефинитивно имаме лоша организација во поштата. Во последно време се прават некои напори, со Управниот одбор правиме некоја систематизација, сакаме да ги решиме тие проблеми, но малку споро оди тоа. Погрешни луѓе има на вистинските места на кои треба да работат“, вели претседателот на Синдикатот Димитриевски.

Денешниот протест е поддржан од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов кажа дека 2000 семејства се оставени без пари во најдолгиот месец од годината.

„Додека ние се подготвуваме да протестираме за зголемување плата овие луѓе протестираат за исплата на ниската плата. Срамота е да ги оставите без плата, а да изигрувате шерифи по пошта, да првите притисоци врз луѓето, да ги напаѓате, да се обидувате да ги спречите да протестираат. Нема да отстапиме од барањето за исплата на плати и нема да отстапиме од барањето да им се зголемат платите, а да добијат луѓето и опрема за работа. Како што можете да видите сите од дома дошле кој како можел да се облече. Сметам дека вината треба да биде фрлена на раководството, а раководството може да си побара од основачот веднаш да интервенира и веднаш да биде исплатена платата, во текот на денешниот ден. Во спротивно колегите нема да продолжат со работа“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.

Тој најави дека вработените ќе бидат пред Поштите и нема да ги вршат задачите кои им ги даваат „газдите“ без да ги платат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Герасимовски: 10.000 денари субвенција за обука и полагање возачки испит за младите од Центар

Објавено пред

Општина Центар доделува субвенции за млади лица за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на општината.

dobivaj vesti na viber

Право на субвенција имаат жители на локалната самоуправа кои во текот на 2026 година навршуваат 18 и 19 години (родени во 2007 и 2008 година), како и лица кои во 2025 година навршиле 19 години (родени во 2006 година), а уплатата за полагање на возачки испит ја извршиле во 2025 година.

Висината на субвенцијата изнесува 10.000 денари со вклучен ПДД , а се користи исклучиво за полагање возачки испит Б-категорија.

„Со овие субвенции ги мотивираме младите навремено да го положат возачкиот испит и безбедно да се вклучат во сообраќајот. Ова воедно е олеснување за семејниот буџет бидејќи добивањето возачка дозвола е прескап процес, но во исто време неопходен за секој млад човек“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр. 6), секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, информира општината.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Нема подигање пратки од Пошта, вработените протестираат за плата: ги минаа празниците и најдолгиот месец во годината без пари

Вработените во Македонска пошта од целата држава денес излегоа на протест преку кој побараа да им се исплати платата која...

Економија41 минута

Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен...

Македонија1 час

СДСМ со пакет амандмани: промена на членот за злоупотреба на службената положба, без рок за конфискација и 48 часа за снимките од „Безбеден град“

Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани на Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Како што соопштуваат од партијата,...

Свет4 часа

(Видео) Бурата „Ингрид“ пустоши низ Франција: бранови како згради, ветерот носи сè пред себе

Бурата „Ингрид“ денес донесе силни ветрови, обилни врнежи од дожд и крајбрежни поплави во западниот француски департман Финистер во регионот...

Свет4 часа

Аракчи му порача на Зеленски: На светот му е доста од збунети кловнови

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, му порача на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека „на светот му...

Македонија5 часа

Јанкулоска: СЈО и сите таму беа „црпнати“, водеа политички прогон и билдаа партиски рејтинзи

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, го коментира застарувањето на предметот „Талир“ на некогашното специјално обвинителство. Таа обвини дека...

Свет6 часа

Трамп до канадскиот претседател: Ја повлекувам вашата покана до најпрестижниот Одбор за мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ја повлече претходната покана до Канада да се приклучи на Одборот за мир, иницијатива...

Свет6 часа

Путин ​​се сретна со Американците, им рече дека не се откажува од украинските региони

Русија објави дека денес ќе одржи безбедносни разговори со САД и Украина во Абу Даби, предупредувајќи по средбата на претседателот...

Свет6 часа

САД, Украина и Русија на преговарачка маса во Абу Даби

Првите трилатерални мировни преговори меѓу Соединетите Американски Држави, Украина и Русија ќе се одржат денес во Абу Даби, потврди Кремљ....

Култура16 часа

Незаконски e суспендирана првата обоистка Татијана Петрушевска од МОБ, објави Синдикатот на културата кој повика на заштита од министерот Љутков

Обоистката од Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ) Татијана Петрушевска  незаконски е суспендирана од работа од страна на генералниот...

Македонија17 часа

„Постои нешто магично во оваа земја“: Проштална порака на Агелер до македонските граѓани

Американската амбасадорка Ангела Агелер ѝ се обрати на јавноста со отворено писмо по повод завршувањето на нејзиниот тригодишен мандат во...

Економија17 часа

(Видео) Мицкоски од Давос: „Бошков Мост“, „Чебрен“ и „Галиште“ ги привлекоа инвеститорите

Премиерот Христијан Мицкоски од Давос соопшти дека имал уште еден успешен ден со бројни билатерални средби и настапи, во рамки...

Македонија22 часа

Алиу: Забрана за рекламирање и промоција на тутунски производи, јавното здравје пред комерцијалниот интерес

Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Илјада токсични наслови – докази за организиран линч врз мене и СДСМ

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека против него и СДСМ се води координирана...

Македонија23 часа

Од денес извод на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба се вадат со неколку клика

За извод од матична книга на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба граѓаните од денес не мораат...

Македонија1 ден

Групација за производство на цигари: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките...

Свет1 ден

Ова се земјите што дојдоа да го формираат Одборот за мир на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го претстави својот Одбор за мир. На церемонијата присуствуваа помалку од 20 земји, а меѓу...

Економија1 ден

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во...

Македонија1 ден

Деспотовски: Доста ни е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување

Јован Деспотовски побара јавно озвинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу...

Македонија1 ден

„Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко...