Македонија
Петковски бара Влада без Груевски и ВМРО-ДПМНЕ
Македонија треба час поскоро да направи влада без ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, а нив да ги испрати на вистинското место, по судовите и на буништето на историјата, смета Тито Петковски од НСДП.
„Граѓаните на Република Македонија во ниту еден момент не смеат да заборават на причините за организирање на предвремените парламентарни избори – излез од повеќегодишната политичка криза во која Македонија ја втурна ВМРО-ДПМНЕ. Доколку успее да формира нова влада со старите партнери, тогаш политичката криза наместо да се надмине, драстично ќе се продлабочи“, смета Петковски.
Тој вели дека на Македонија во овој момент и е неопходна сериозна општествена катарза и соочување со злосторствата направени во име на сопствениот народ, за да никогаш повеќе не се повтори.
„Заедничка цел на сите прогрсивни сили во државата е демаскирање и демонтажа на овој политички монструм, кој ја фрли земјата во најголемата криза од нејзиното постоење. Тие луѓе немаат правен, политички и морален кредибилитет да се претставуваат како соговорници и борци за излез од кризата. Да биде иронијата уште поголема, бараат дури и заедничка посветеност и од другите политички субјекти. Да имаат барем малку доблест, не смееја ниту да помислат да се позиционираат на изборните листи, а не пак сега да бараат мандат и да се позиционираат повторно на врвни државни функции. Македонија треба час поскоро да направи влада без ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, а нив да ги испрати на вистинското место, по судовите и на буништето на историјата“, изјави Тито Петковски, НСДП./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.
Македонија
Сали во Брисел: Билатералните прашања не смеат да го кочат европскиот пат на земјата
Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.
За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е важноста билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.
Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit.
Првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.
Македонија
Во наредните денови дожд, на планините снег – температурите растат
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 3 степени, додека максималните ќе достигнат од 6 до 11 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1 степен, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини и од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во среда повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

