Македонија
Петков: Не постои македонско малцинство во Бугарија
Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н. македонско малцинство во земјата. Нема такво малцинство и за такво малцинство не може да се зборува, одговори бугарскиот премиер, Кирил Петков, на прашање на бугарската телевизија БТВ за тоа дали бугарската влада разговарала со амбасадатата на САД во однос на оваа тема.
Освен за непостоењето на македонско малцинство во Бугарија, Петков порача и дека постои усогласен став на бугарската политика, потврден од Консултативниот совет за национална безбендост пред една недела, дека позицијата на Бугарија кон Севрна Македонија не е променета, туку е само надградена со работни групи.
Од друга страна, тој го потврди инсистирањето и условувањето на бугарската страна, бугарското малцинство во Република Северна Македонија да влезе во Уставот на земјата, додавајќи дека никогаш не навел точен рок за решение на спорот.
„Ова треба да биде во функција само со резултат врз основа на овие работни групи. РСМ ќе влезе во ЕУ кога позицијата на Бугарија ќе биде усогласена. Сакаме правата на Бугарите таму да бидат вклучени во нивниот Устав“, изјави Петков во одговорот за БТВ, а во врска со компромисите кои Бугарија е подготвена да ги направи рече дека може да биде иницијатор за пуштање на авио-линија Софија-Скопје како прв чекор.
Петков заедно со шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска, министерот за транспорт и врски и потпретседателот на Народното собрание, на 18. јануари ќе допатува во прва официјална посета на Скопје и ќе се сретне со новиот премиер Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

