Македонија
(Видео) Петков остана без одговор на забелешката на новинар на Би-би-си за правата на Македонците во Бугарија

Бугарскиот премиер, Кирил Петков во интервју за Би-би-си ја игнорираше забелешката на новинарот за правата на Македонците во Бугарија.
Oткако Петков, во интервјуто кажа дека Бугарите немаат законски права во Македонија, новинарот, Стивен Сакур му рече: „Со сета почит, и етничките Македонци ги немаат тие права во Бугарија. Всушност, Европскиот суд за човекови права имаше повеќе случаи по таа основа отколку за Бугарите во Македонија“, рече новинарот Сакур.
Новинарот понатаму додаде и дека аргументите на бугарската страна се слаби.
„Во крајна линија, се сведува на вашата политичка волја, бидејќи вашиот претседател вели дека вашата рака подадена кон македонската Влада е грешка, па ќе ви треба поддршка од многу влијателни луѓе во вашата држава ако сакате да ги нормализирате односите со Македонија“, рече Секур.
Петков не одговори на забелешката коментирајќи само дека добра вест е што со македонскиот премиер, Ковачевски се договориле дека Бугарите треба да ги имаат правата кои ги имаат сите Македонци и останатите народи, како што се Албанците.
Бугарскиот премиер децидно на крајот одговори дека сака да ја види Македонија во Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.