Македонија
Петков ќе го достави до бугарското собрание францускиот предлог за укинување на ветото
Бугарскиот премиер Кирил Петков до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Ова го споделил самиот Петков пред своите најблиски соработници, пишува БГНЕС.
Како што пренесува бугарската новинска агенција, Петков се пофалил дека „детално е запознаен со шемата како ќе се случи сето ова“.
„В четврток, на 16 јуни, официјално ќе биде испратен до сите земји членки на ЕУ, а јас лично утре го испраќам до парламентот“. Ова биле токму зборовите со кои се пофалил и дека „Лично Емануел Макрон и Олаф Шолц стојат цврсто зад мене. Ќе го прифатиме, а потоа ќе продолжиме понатаму“, пишува БГНЕС.
Вчера, на самиот почеток на состанокот на Министерскиот совет, Петков го прочита неговото барање, кое беше веднаш прифатено, „предлогот на француското претседателство веднаш да биде испратен до собраниската Комисија за надворешна политика“.
Со овој потег Петков, пишува БГНЕС, освен што ги изолира сите од ова важно прашање, вклучително и Министерството за надворешни работи, практично од бугарското општество крие сè што поединечно договарал и продолжува да преговара со странските дипломати.
Вчера министерката за надворешни работи Теодора Генчовска во Националното собрание го обвини Петков дека му ветил на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи дека ќе го укине ветото пред крајот на француското претседателство кое завршува на 1 јули.
Очигледно Кирил Петков има намера лично да ја донесе оваа одлука за време на самитот на ЕУ што ќе се одржи на 23 и 24 јуни во Париз, пишува БГНЕС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

