Македонија
Петкоска: Ќе се легализираат седум дивоградби во кампот Градиште
Продолжува праксата на неодговорно однесување на локалната администрација која се обидува преку Советот да протурка штетни и непримерни одлуки, обвини на прес-конференција Лидија Петкоска, советник во општина Охрид и претседателка на УЖ.
Таа истакна дека една од точките на дневниот ред е легализацијата на седум бесправно изградени објекти во кампот Градиште.
„Замислете, во најзаштитениот појас, во непосредна близина на езерото, експресно државата и нејзините институции ги издале сите потребни согласности за овие легализации. Повторуваме, во кампот Градиште, веднаш до еден од најубавите езерски брегови воопшто во светот, на едно од најстарите езера во Европа не било никаков проблем да се легализираат бесправно изградени објекти“, истакна Петкоска.
Ги повика сите еколошки друштва и граѓански здруженија кои до неодамна беа многу гласни со својата грижа за езерото, да се разбудат од зимскиот сон и да продолжат и да се грижат и да се борат за зачувување на езерото. Во спротивно, рече, ќе сметаме дека нивните претходни активности биле водени од сомнителни мотиви.
Истакна дека на следнта седница една од точките на дневен ред е и Предлог-програмата од областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид. Со таа одлука се определуваат и цените на парцели кои се предмет на издавање под краткотраен закуп по пат на јавно наддавање или непосредна спогодба-плажи.
„Само пред 10 месеци на предлог на господинот Константин Георгиевски како тогашен координатор на советничката група на СДСМ, заедно со нашата советничка група беа усогласени и изгласани почетни цени за надавање кои сметавме дека се реални и во согласност со пазарот. Сега, игнорирајќи ја оваа одлука во потполност, како никогаш да не била донесена се предлагаат износи и повеќе од двапати пониски од претходно донесените, без ниту еден збор образложение. Ова можело да се случи само како резултат на намера, или пак на крајно неодговорно однесување на администрацијата. И во двата случаи некој треба да понесе одговорност“, истакна Петкоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

