Македонија
Петмина починати и само три нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на Ковид-19, сите во Скопје.
Регистрирани се и 45 оздравени пациенти од Скопје – 24, Битола – 6, Куманово и Радовиш по 4, Виница – 3 и по еден од Тетово, Кавадарци, Кочани и Кичево.
Пријавени се вкупно 5 починати лица од Скопје (72), Радовиш (81), Тетово (69), Штип (50) и Пробиштип (72). Од пријавените, едно лице е починато во домашни, а останатите во болнички услови.
Направени се 1.325 тестови преку: ИЈЗ-151, ЦЈЗ Скопје-27, Жан Митрев (Филип Втори)-127, Авицена-152, Биотек-236, Систина-183, Синлаб-45, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 404.
Досега во земјата се направени вкупно 796.157 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.272, бројката на оздравени пациенти е 148.709, на починати е 5.413, а бројот на активни случаи изнесува 1.150.
Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментов е следна:
Скопје 68.511, Активни 484
Куманово 8.825, Активни 110
Прилеп 8.301, Активни 58
Тетово 7.212, Активни 47
Битола 6.291, Активни 55
Велес 5.468, Активни 21
Гостивар 5.171, Активни 24
Кавадарци 5.151, Активни 9
Охрид 5.001, Активни 53
Штип 4.959, Активни 21
Струмица 4.110, Активни 41
Струга 2.980, Активни 26
Кочани 2.787, Активни 18
Кичево 2.563, Активни 42
Гевгелија 2.191, Активни 9
Неготино 2.183, Активни 9
Свети Николе 1.522, Активни 10
Ресен 1.234, Активни 12
Крива Паланка 1.219, Активни 3
Радовиш 1.158, Активни 29
Берово 1.029, Активни 3
Делчево 971, Активни 9
Дебар 940, Активни 1
Виница 881, Активни 18
Пробиштип 789, Активни 3
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 2
Крушево 490, Активни 5
Демир Хисар 397, Активни 4
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 374, Активни 13
Македонски Брод 359, Активни 3
Пехчево 268, Активни 1
Македонска Каменица 249, Активни 6
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

