Македонија
Петмина починати и 201 нов случај на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.986 теста, а регистрирани се 201 нов случај на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 111, Битола – 27, Кавадарци – 19, Прилеп – 7, Куманово , Кичево и Кочани – по 5, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 3, Струмица, Ресен, Крива Паланка и Делчево – по 2, Велес, Гостивар, Радовиш, Дебар и Кратово – по 1.
Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 37 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се две починати лица, од Куманово (75) и Тетово (83), двете починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени три починати лица од Охрид, Гостивар и од Виница на возраст од 43 години до 76 години. Пријавените лица се починати во периодот од 21.3.2022 до 26.3.2022 гоидна. Сите се починати во болнички услови.
Во изминатото деноноќие регистрирани сe и 249 оздравени пациенти од: Скопје – 151, Битола и Кавадарци – по 14, Тетово – 11, Прилеп – 9, Куманово – 7, Кочани и Охрид – по 5, Кичево, Велес, Гостивар и Неготино – по 4, Штип – 3, Гвегелија, Струмица, Делчево и Пробиштип – по 2, Радовиш, Дебар, Струга ,Свети Николе, Валандово и Богданци – по 1.
Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Направените 1.986 теста се преку: ИЈЗ-197, ЦЈЗ Скопје-80, ЦЈЗ Битола-79, ЦЈЗ Прилеп-18, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-5, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –6, Институт за микробиологија–3, Жан Митрев (Филип Втори)-45, Авицена-74, Биотек-63, Систина-55, лабораторија Лаор-47, Синлаб-10, Ремедика-12, Плодност-13, Генеа-12, Никоб лаб-182, ВФВ медикал-28, Ели медика плус-18, Ројал медика–5, Рапид лаб–6, Жан Митрев Струмица–7, Нова лаб дијагностика–7, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 921.
Досега во земјата се направени вкупно 1.964.475 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 306.178, бројот на оздравени пациенти е 295.237, на починати е 9.226, а бројот на активни случаи изнесува 1.715
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 143.617, Активни 919
Куманово 16.558, Активни 41
Битола 14.826, Активни 178
Прилеп 13.999, Активни 97
Тетово 13.419, Активни 33
Кавадарци 10.508, Активни 87
Велес 9.683, Активни 31
Гостивар 9.531, Активни 12
Охрид 8.735, Активни 70
Струмица 7.998, Активни 16
Штип 7.972, Активни 15
Кичево 5.566, Активни 42
Кочани 5.054, Активни 20
Струга 4.695, Активни 14
Гевгелија 4.368, Активни 16
Неготино 3.658, Активни 9
Ресен 2.678, Активни 16
Свети Николе 2.615, Активни 2
Радовиш 2.516, Активни 12
Крива Паланка 2.407, Активни 4
Делчево 1.949, Активни 31
Дебар 1.671, Активни 12
Берово 1.637, Активни 3
Валандово 1.476, Активни 3
Виница 1.379, Активни 7
Пробиштип 1.263, Активни 3
Богданци 1.018, Активни 5
Кратово 961, Активни 3
Крушево 922, Активни 9
Демир Хисар 826, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 586, Активни 1
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 485, Активни 0
Дојран 343, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

