Македонија
Петровска – Вајт-Спунер: Mестото на Западен Балкан е во Европската Унија
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска се сретна со пензионираниот генерал на британската армија и член на т.н. охридска група, сер Берни Вајт-Спунер, со кого разговара за европската перспектива на регионот и за новата безбедносна реалност на европскиот континент.
Петровска порача дека имајќи ја предвид новата безбедносна реалност, европската интеграција е потребна повеќе од кога било и дека пример за тоа како интеграцијата во европските и евро-атлантските структури влијае на зацврстување на безбедноста е членството на Северна Македонија во НАТО.
„Северна Македонија во НАТО е гарант на безбедноста и стабилноста не само на земјата туку и на целиот регион. Интеграцијата во ЕУ ќе има силен позитивен ефект и на безбедноста, но и на просперитетот на сите наши граѓани“, рече таа.
Се заблагодари за поддршката на сите истакнати членови на т.н. охридска група за целата досегашна поддршка на евро-атлантскиот и европскиот интегративен пат на Северна Македонија.
Вајт-Спунер е дел од охридската група истакнати државници и дипломати, предводена од лордот Џорџ Робертсон. Групата е формирана во 2018 година со цел поддршка на патот на нашата земја кон НАТО и Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

