Македонија
Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Пред да застанете пред камера проверете си ги информациите

За да се борите против криминалот треба да го осудите криминалот во сопствените редови, ѝ порача на опозицијата заменик-министерката во МВР, Славјанка Петровска, реагирајќи на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ, кој претходно денеска обвини дека постојат сериозни индиции за криминал во набавката за пасоши и лични документи.
„Следниот пат кога ќе застанете пред камера со обвинувања, прво проверете дали ги знаете сите информации или сте наседнале на нечија провокација или непознавање. Постапката за набавка на обрасците за лични документи е спроведена и договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки.
Институциите работат и ќе ги испитаат сите наоди, па макар тие биле и паушални обвинувања поттикнати од партиски интереси. За ваша информација, компанијата која ја обвинувате за соучесник во наводен корупциски криминал е германска компанија во која 40% сопственик е државата, СР Германија“, вели Петровска во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.