Македонија
Петровска до припадниците на АРМ: Вие сте браникот на современите цивилизациски вредности
Чест ми е што стојам пред вас, припадниците на македонската Армија, нашата НАТО Армија. Вие сте првите единици во борбените групи на Алијансата во Бугарија и во Романија, каде заедно со припадниците на вооружените сојузнички сили сте составен дел од колективниот систем за одвраќање и одбрана. Знам дека одлично ќе се вклопите во заедничкиот тим во овие две земји и дека ќе бидете армиски припадници на кои секој ќе може да се потпре“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје по повод испраќањето на два вода од Армијата на Македонија во борбените групи на НАТО во Бугарија и Романија.
![]()
Министерката истакна дека денешната реалност е исполнета со безбедносни предизвици, но дека НАТО е силен и одлучен во својата намера да ја заштити евроатлантската област, вклучувајќи го и нашиот регион и Северна Македонија.
„ Нашиот сојузнички одговор е јасен и гласен. Нема да дозволиме никој да ја загрози нашата безбедност и безбедноста на нашите граѓани, нашите блиски и нашите семејства. НАТО е одбранбена алијанса и не претставува закана за ниту една земја, но НАТО е подготвено и обединето во одбраната на секоја педа сојузничка територија, а тоа е факт кој можеме да го видиме и денеска на ова свечено испраќање“, истакна министерката.
![]()
На припадниците на Армијата упатени во овие две борбени групи им упати порака да бидат горди на себе зашто се браникот на современите цивилизациски вредности и се составен дел од колективната одбрана која ни овозможува да живееме во мир и безбедност.
„ Покажете сè што знаете и умеете зашто вашиот професионализам е видлив, а вашата мотивација висока. Помогнете во колективните напори за зацврстување на безбедноста на НАТО и вратете се дома кај своите семејства. Ве очекуваме со уште поголемо искуство и посилен мотив да продолжите секојдневно да работите за просперитетот на својата нација“, порача Петровска.
Борбени групи во Бугарија и Романија се дел зголемените активности за будност на НАТО (NATO enhanced vigilance activities – NATO eVA), со цел засилување на источните граници на НАТО и се дел од четирите мултинационални борбени групи, формирани по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

