Македонија
Петровска на Северноатлантскиот совет на НАТО: Вложуваме во опремување на Армијата
НАТО е одбранбена алијанса, која е цврсто одлучна и обединета во нејзината основна цел – одвраќање на сите потенцијални непријателски активности и одбрана на секоја педа НАТО-територија, е заклучокот од денешната прва сесија на министрите за одбрана на сојузничките земји, која се одржува во рамките на состаноците на Северноатлантскиот совет.
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на оваа сесија посочи дека Северна Македонија останува одлучна во својот придонес кон заедничките цели на сојузниците за што континуирано вложува во развојот на своите капацитети и модернизацијата и опремувањето на Армијата.
„Одлуката на самитот во Мадрид го постави патот по кој ќе се движиме. Она што мораме сега да го направиме е брзо и ефикасно да ги исполнуваме нашите обврски и да инвестираме во развој на капацитетите што ни се потребни“, рече министерката Петровска.
На втората сесија на Северноатлантскиот совет, на која присуствуваше и Жосеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, а беше посветена на мисиите и операциите, министерката Петровска посочи дека Северна Македонија како НАТО-членка е сериозно посветена на зацврстувањето на регионалната безбедност, факт што може да се види и преку учеството на припадниците на Армијата во мисијата на НАТО на Косово, како и мисијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина.
Петровска пред колегите од НАТО порача дека е потребно да се забрза процесот на евроинтеграциите врз база на исплонети критериуми и постигнати резултати. Петровска додаде дека почнувањето преговори на Северна Македонија и Албанија за членство во Унијата е добар знак и придонесува кон стабилноста и развојот на Западен Балкан. Таа го поздрави и вчерашното доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

