Македонија
Петровска – Писториус – Ананд: Во фокусот соработката, во време кога европскиот континент се соочува со предизвици
Во рамки на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, во седиштето на НАТО, министерката за одбрана Славјанка Петровска имаше и две засебни билатерални средби со федералниот министер за одбрана на Сојузна Република Германија, Борис Писториус и министерката за национална одбрана на Канада, Анита Ананд.
На средбата со германскиот колега, Петровска изрази задоволство од силниот интензитет на одбранбена соработка и нагласи дека таквата соработка е особена значајна во моментот кога европскиот континент се соочува со голем број на предизвици.
На политичко ниво, Петровска истакна дека државен приоритет број еден е евроинтеграцијата на државата и се заблагодари за континуираната германска поддршка за членство на Северна Македонија во Европската унија.
На средбата со канадската министерка за одбрана, Ананд, стана збор за заедничкиот придонес на Северна Македонија и на Канада кон зацврстувањето на безбедноста на Алијансата, имајќи предвид дека припадници на Армијата се дел од мултинационалните сили на НАТО во Латвија, кои се под канадска команда. Министерките заклучија дека двете земји остануваат посветени на интензивирањето и развојот на одбранбената соработка во духот на сојузништвото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пивтијада по 15. пат на плоштадот во Автокоманда
Утре 19.01.2025 година (недела) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 15та година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.
Истовремено ќе уживаат во македонската песна со настапот на Јордан Митев, Ефто Пупиноски и Даниела Темелковска.
Македонија
Поради трговија со дрога уапсен е Раде Трајковски – Штекли кој трипати се обидоа да го ликвидирааат
Полицијата го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Тој се сомничи за трговија на дрога, потврди МВР.
Штекли двапати беше цел на напади во трговскиот центар „Ист гејт мол“, при што беше погоден од повеќе куршуми, па опериран и спасен. Пред два месеца во скопската населба Ќерамидница беше фрлена бомба во неговиот двор. Овие случаи кои се одвиваа во изминатите две години не добија своја разрешница.
Македонија
Возилото на „БРАКО“ чисти снег рамо до рамо со тешката механизација на „Комуналец-Неготино“
Возилото на БРАКО изминатите денови го чистеше снегот во Неготино заедно со другата градска механизација и јуначки се носеше со своите поголеми браќа од возниот парк на неготински Комуналец, во услови кога градот беше покриен со снег. Додека поголемите машини ги чистеа главните улици, возилото Грин Машинс на БРАКО го чистеше снегот од пешачките зони, тротоарите и потешко достапните места на улиците.
Моделот ГМ636 кој го избра Неготино има продолжеток за плуг за снег, и додека во нормални временски услови работи како метларка и одржува хигиена на улиците на градот, во зимски услови се претвора во чистач на снег.
,,Машината на БРАКО многу ни помогна и многу сме задоволни’’-изјави директорот на ЈП Комуналец-Неготино, Митко Ѓорѓиев, контактиран од Службата за корпоративни комуникации на БРАКО.
Неготино купи возило Грин Машинс во март 2024г, и додека во текот на целата година свиперот одлично ги чистеше градските улици, ова е првпат целосно да се искористи неговиот потенцијал и да се ангажира и во услови на снег.
(ПР)