Македонија
Петровска – Тилвар во Букурешт: Македонија и Романија со иста цел и заложба, безбедно НАТО, стабилен регион и силна одбранбена соработка
Глобалната и европската безбедносна состојба, активностите за зацврстување на сигурноста на НАТО, потребата од гарантирање на стабилноста на регионот, како и начините за унапредување на одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Романија, беа темите на кои денеска во Букурешт разговараа министерката за одбрана, Славјанка Петровска, и нејзиниот романски колега, министерот за национална одбрана, Ангел Тилвар.
„Според нас, и Северна Македонија и Романија водат прагматична надворешна и безбедносна политика, чија основна цел e крај на воените дејства и повторно враќање на мирот и сигурноста во Европа и во светот. Нашите две земји ја разбираат потребата од одговорно однесување, кое, наместо поделби и страдања, повикува на интеграција и заедништво“, рече министерката на состанокот. Петровска додаде дека македонските војници упатени во мултинационалните сили на НАТО во Романија ќе продолжат да даваат свој личен придонес кон зацврстувањето на безбедноста на источното крило на алијансата, вклучувајќи ја и Романија.
Пристапот 360 степени, истакна министерката, не е само декларативна заложба, туку секоја земја членка треба придонесе кон тоа. Задача на нашата држава е да го гарантираме нашиот одбранбен систем, но и да учествуваме во градењето на одбранбениот систем на алијансата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

