Македонија
Петрушевски: СДСМ не знае што сака, еднаш вели добро е линеарно покачување, другпат пензиите треба да се покачуваат процентуално
Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се обрати на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието каде се осврна на опозициската СДСМ, при што истакна дека истата нема јасен став за линеарното зголемување на пензиите, со оглед на тоа што еден ден го поддржуваат, друг ден го критикуваат.
,,Очигледно е молчењето на СДСМ, кое што е стратегија откако влетаа во офсајт. Дали СДСМ и пратениците на СДСМ, го поддржуваат линеарното зголемување на пензиите кое што го направи оваа Влада, или не го поддржуваат? Затоа што доаѓаа какафонични изјави. Еден ден излегуваат и велат дека тоа е добро, друг ден доаѓа пратеник и објаснува како тоа не било добро, како тоа била дискриминација на оние кои што земале поголеми пензии“, рече Петрушевски.
Петрушевски побара некој од партијата да излезе и да каже јасен и официјален став.
,,Убаво е да излезе некој и да одговори кој е ставот на СДСМ, со оглед на актуелноста на темата и она кое што овој период се случува во Уставниот суд, а тоа е преиспитување на уставноста на оваа одлука. Замислете, почитувани граѓани пред се, преиспитувањето на одлуката е дали било дискриминација на оние пензионери кои што земале големи пензии, затоа што не добиле процентно поголеми суми, а овие биле повластени со маливе пензии, затоа што добиле два пати по 5000 денари“, кажа Петрушевски.
Според него, апсурдно е што Уставниот суд преиспитува дали постои дискриминација, а и како што вели, постојат повеќе врски меѓу СДСМ и оваа одлука за приспитување.
,,Замислете го апсурдот на ова, преиспитување на ова, преиспутвање на одлука, која што патем речено е директно поврзано со СДСМ од неколку апсекти. Прво, видовме овде како пратеници на СДСМ, ја бранеа Кацарска, која што е судија известител, а меѓу другото, позната е по тоа што се изучува на меѓународни факултети како не треба да се суди еден предмет, и која што молсаквично напредуваше во својата кариера за време на СДСМ после оние монтирани случаи“, истакна Петрушевски и додаде:
,,Неколку врски има меѓу СДСМ и оваа одлука за преиспитување од страна на Уставниот суд. Така што мора да знаеме дали СДСМ мисли дека ова зголемување на пензиите не е добро“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

