Македонија
Петрушевски: СДС да каже дали еден од приведените за убиството кај Мавровка го пуштиле да избега од затвор
„СДС да каже дали еден од приведените за убиството кај Мавровка го пуштиле да избега од затвор за да им работи за избори? За да го скријат ова расфрлаат ли пердуви?“, порача денес на прес-конференција Бране Петрушевски.
Тој додава дека Е.К. еден од приведените за убиството кај Мавровка избегал од Идризово на 15.04.2024 година, 3 недели пред парламентарните избори.
„СДС да каже дали го пуштиле од затвор сега веќе приведениот за убиство со цел партиски да го ангажираат? Дали СДС расфрлаше пердуви и правеше сценарија рамни на научна фантастика за бегството на Блерим Рамадани, кои исто тие го овозможија за да го сокрие ова? Срамота е на кое дереџе се симна СДС. Прикрива приведени за убиство и спасува судија измеќар на ДУИ како Пајазит Пајазити. Од СДС да кажат и да не молчат. Хаосот и безредието се плод на неспособноста и криминалот на СДС. Одговорност ќе има, се ќе излезе на виделина, затоа и стравот им е голем“, изјави Петрушевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

