Македонија
Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19. Во наведениот период починале пет лица, а оздравеле 135 пациенти.
Починале пациент од Тетово (53 г.), од Гостивар (60 г.), од Прилеп (57 г.), од Струга (60 г.) и еден пациент од Битола (60 г.).
Најголем број од новите случаи се од Скопје – 45. Потоа во Куманово – 4, Штип – 1, Прилеп – 7, Тетово – 6, Струга – 3, Битола – 2, Охрид – 3, Гостивар – 1, Струмица – 7, Крива Паланка – 2, Кочани – 3, Македонски Брод – 1, Виница – 1 и Кичево – 2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од: Скопје – 42, Куманово – 17, Штип – 7, Прилеп – 16, Тетово – 10, Велес – 1, Битола – 2, Охрид – 4, Гостивар – 10, Гевгелија – 4, Крива Паланка – 5, Радовиш – 2, Кочани – 4, Пробиштип – 2, Пехчево – 2, Кратово – 1, Свети Николе – 2, Кичево – 3, Ресен – 1.
Вкупната бројка на заболени од почетокот на епидемијата изнесува 16.867, бројката на оздравени пациенти е 14.084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.078.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на Ковид-19, едно дете и една мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се тројца нови, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 162, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 64
• Гази Баба – 72
• Аеродром – 87
• Карпош – 68
• Центар – 80
• Кисела Вода – 53
• Ѓорче Петров – 36
• Бутел – 31
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 10
• Сарај – 13
• Арачиново – 9
• Илинден – 16
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 7
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На Клиниката за неврологија отворен ден за граѓаните за подигнување на свесноста и превенција од мозочен удар
По повод Светскиот ден на мозочниот удар – 29 октомври, Универзитетската клиниката за неврологија, утре организира отворен ден за граѓаните за подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар, под мотото „Мозочниот удар се лекува“.
Во рамките на настанот, на 28 октомври 2025 година (вторник), ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии за сите заинтересирани граѓани, без потреба од упат, во периодот од 10:00 до 12:00 часот, во просториите на Клиниката за неврологија.
Со овој настан, Клиниката велат од таму, испраќа порака за важноста на редовните прегледи и контролата на ризик факторите кои можат да доведат до мозочен удар, како што се покачен крвен притисок, шеќер во крвта, зголемени масти, пушење и седечки начин на живот.
Македонија
Уапсени двајца полицaјци осомничени за разбојништвото на златарницата во Гостивар, се трага и по други лица
Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители учествувале во извршување на кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден, соопшти полицијата.
Тие на 10.10.2025, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со сила и закана со огнено оружје одзеле 18 килограми злато.
Двајцата осомничени се полициски службеници од ОВР Кичево, кои се договориле и направиле план за грабежот заедно со другите лица за кои интензивно се преземаат дејствија за пронаоѓање. Осомничените учествувале во подготовките со извиди на локацијата и на работата на златарницата два дена пред грабежот. На самиот ден, тие со службено возило на МВР го обезбедувале патот на двете возила искористени за грабежот во Гостивар, од кои едното потоа е пронајдено запалено на магистралниот пат Гостивар-Дебар, додека другото е пронајдено напуштено во Кичево, во близина на сточниот пазар.
„МВР во координација со ОЈО Гостивар презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот“.
Македонија
Општина Центар: Отстранети двете паднати дрвја
Општина Центар известува дека екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ навремено интервенираа и ги отстранија двете дрвја кои паднаа во близина на ООУ „Киро Глигоров“.
Благодарение на нивната брза реакција, улицата е целосно расчистена и повторно ставена во функција, додаваат од општината.

