Македонија
Пет нови смртни случаи и 103 новозаболени во Македонија
Во последните 24 часа во Македонија пет лица починаа од коронавирус, а потврдени се 103 нови случаи. Тројца од починатите се од Скопје, еден пациент од Куманово и еден пациент од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Куманово на возраст од 80 години, хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија починала пациентка од Скопје на возраст од 74 години.
Во ГОБ „8 Септември“ починале две лица од Скопје, пациенткана 73-годишна возраст, примена на 11 јуни и пациентка на 45-годишна возраст примена на 2 јуни.
Во болницата во Тетово починал пациент од Тетово на возраст од 65 години, хоспитализиран на 6 јуни.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 46, во Тетово – 17, во Струга – девет, во Куманово, Штип и Ресен се потврдени по шест нови случаи, во Велес и Охрид по три нови случаи, во Прилеп два случаи, и по еден нов случај во Битола, Кавадарци, Гостивар, Струмица и Свети Николе.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти од Скопје – 10, Прилеп – двајца паценти и еден излекуван во Тетово.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.157, бројката на оздравени пациенти е 1.723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.241.
Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, каде што се потврдени четири позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа нема нови приеми, вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 37 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 113 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 21 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 66 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претежно облачно со врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Во текот на ноќта врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Во текот на ноќта со засилен северен ветер ќе има услови во повисоките делови од котлината врнежите од дожд да преминат во снег со слаб интензитет. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во сабота во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и појава на магла по котлините.
Скопје
Без струја делови од општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода
ЕВН Македонија, известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода.
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците дел од ул. Козле, дел од објектите над КАМ-маркет кон Центар во општина Карпош;
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на ул. Ѓорѓи Андреевиќ и ул, Горно Лисиче во општина Ѓорче Петров;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците на ул Јабланица бр.101А во општина Кисела Вода.
Македонија
Прекинато водоснабдување за жителите на улицата Петричка 11 во Скопје
Центарот за управување со кризи известува дека денеска поради уличен дефект ф-80 мм на ул. Петричка 11, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.