Македонија
Пецаков: Решаваме 30-децениски проблем за Горно и Долно Лакочереј, проект вреден 30 милиони денари
„Денеска, покрај овој многу значаен проект за Горно и Долно Лакочереј, а во перспектива и за Орман, кои живеат тука, и проект што се ветувал низ изминатите 30-ина години дека ќе биде завршен. Ние како локална самоуправа уште со самото доаѓање, првата работа која ја направивме беше да нарачаме проект, втората извадивме одобрение и веќе од денешен аспект имаме проект во вредност од 30 милиони денари кои што преку 22 милиони денари ќе биде обезбеден од буџетот на општина Охрид, а 8 милиони го аплициравме и добивме средства од страна на Министерството за животна средина“, вели Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид.
„Ова е начинот на кој што покрај овој проект за кој за години се разговарал ќе делуваме и во иднина, проекти за кои што за години се разговарале, а се од суштинско значање и секако дека временските услови дозволија и почеток и секако дека се надевам дека во многу скоро време ќе го завршиме овој проект и луѓето ќе можат конечно во 21 век да имаат од месноста зборам, од местата од Горно и Долно Лакочереј да имаат канализација. Покрај овој проект ќе имаме презентација на уште неколку тековни проекти кои што се отпочнати, а не се завршени и кој што се завршени и проекти кои што ќе отпочнат во делот на касарната, а којшто досега не сме имале можност да ги видиме и да ги презентираме пред јавноста. Така да еден плоден и богат ден, за понатака ќе ги оставиме влезовите на Охрид од страна на Битола, улицата 7-ми ноември и влезот на Охрид од страна на Струга, стариот пат за Струга, улицата Гоце Делчев каде што на двете улици се прави комплетна реконструкција. На тој начин тие се едни од поголемите проекти и во текот на наредниот период едната улица ќе биде завршена до текот на летната сезона, останата ќе биде ставена пред текот на сезоната мислам на улицата Гоце Делчев во функција, а ќе биде продолжението после 1-ви септември односно завршетокот на туристичката сезона“, посочи Пецаков.
Тој додаде и дека од денеска јавното претпријатие „Нискоградба“ е одблокирано и исто како општина Охрид веќе нема долгови и ќе функционира отворено и ќе може да врши инвестиции.
„Тој процес некаде во 2011 започна кога се формира за прв пат јавното претпријатие, 2 години го водеше локална самоуправа од СДСМ, во 2013 година значи за само 2 години во презедовме како локална самоуправа со еден милион и двеста илјади евра долг и веќе од денешен аспект после 2 и пол години, исто, на истиот принцип како што ја раздолживме општината, го раздолжуваме односно го одблокираме јавното претпријатие „Нискоградба“ исто така голем момент. Овој принцип на работа нема да застане тука. Ќе најавам дека во иднина ќе продолжиме со работа и со останатите јавни претпријатија и носења на една позитивна финансиска состојба која што ќе дозволи за понатамошно инвестирање, не само во претпријатијата туку и понатаму“, рече Пецаков и додаде:
„Дополнително на одблокирањето на јавното претпријатие „Нискоградба“ го префрламе во нови простории, а постоечките сега ќе биде центар на механизацијата на Комуналец, Водовод и Нискоградба, зборувам на улицата Железничка каде што е седиштето на јавно претпријатие Нискоградба, а во овие две години имаме инвестиција од 15 милиони денари за механизација во истото јавно претпријатие. Така да се напредува буквално секое јавно претпријатие и сметам дека во иднина овој пат кој што го зацртавме ќе го продолжиме и ќе донесе многу позитивни моменти како за нас како општина, така и за граѓаните кои ги користат услугите од јавните претпријатија“, заврши Пецаков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март не доби поддршка од пратениците од власта. Предлогот денеска беше на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта го одбила и предлогот за јавна расправа и разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.
Македонија
ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна на министерот за правда Игор Филков во неговото последно јавно појавување поврзано со куќниот притвор на поранешниот вицепремиер, Артан Груби.
Од партијата оценуваат дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да функционираат судските органи и дека улогата на Министерството за правда е да го штити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи со засилена политичка поларизација.
„Министерот за правда, наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, дополнително го поттикнува тоа, создавајќи клима на однапред донесена пресуда и јавно испраќајќи пораки што вршат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.
Според нив, ваквите изјави претставуваат директно мешање во тековна постапка и сериозен удар врз правосудниот систем, со што се загрозува интегритетот на постапката и принципот на поделба на власта.
ДУИ го повикува министерот да се воздржи од понатамошно јавно мешање, а Министерството за правда, како што велат, преку јасна и одговорна комуникација да ја гарантира независноста на судството. Во спротивно, сметаат дека министерот треба да биде разрешен.
Партијата најавува дека ќе продолжи да го следи секое дејствие што, според нив, создава клима на линч и ќе ги информира своите стратешки партнери – САД, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Реакцијата на ДУИ следува по прес-конференцијата на министерот за правда Игор Филков, кој побара отчетност и детално образложение за одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случајот со Груби, кој е под истрага за криминал вреден 8 милиони евра во Државна лотарија.
Филков посочи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое претходно бил утврден ризик од бегство, и јавно ги повика судскиот и обвинителскиот совет да утврдат дали има одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

