Македонија
Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП
Вчера, бевме сведоци кога премиерот со министрите направи еден спектакл од наводни мерки за директна помош на граѓаните во услови на криза. Граѓаните се свесни дека тоа е тековна обврска на Владата, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, на денешната собраниска седница наменета за поставување пратенички прашања.
„Министерката за труд и социјална политика вчера стоеше зад премиерот и не кажа ништо, а очекуваме да каже што е со речиси 500 илјади граѓани што живеат под прагот на сиромаштија и дали сте се запрашале како тие луѓе живеат со 100 денари дневно“, рече Пешевска.
Пешевска посочи на тоа дали воопшто се има чувство кон граѓаните во оваа држава бидејќи секојдневно цените во маркетите растат, лебот, млекото, месото. Сиромаштијата нѐ покоси сите и јадењето месо веќе станува луксуз, освен за Владата на Република Македонија.
„Знаете ли што значи енергетска сиромаштија? Енергетски сиромашен граѓанин е граѓанин што не може да плати трошоци за енергетски услуги, како што се греење, осветление, користење електрични апарати или затоплување во домот“, потенцира Пешевска.
Пешевска рече дека не само од ВМРО-ДПМНЕ туку и корисниците на додатокот за минимална помош бараат да се зголеми додатокот и ја запраша министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, дали во иднина планира да се покачи овој додаток за гарантирана минимална помош?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.

