Македонија
Пешевска до Џамбаски: Вие сте срам не само за Бугарија, туку и лош пример за европратеник
„Накратко сакам само да ги дообјаснам некој работи на колегата Џамбаски. Вчера очигледно не сте ме разбрале и тоа е доказ дека говориме на различен јазик и уште еднаш ќе ја дообјаснам поентата кога објаснував за состојбата со македонските клубови кои ги нема во Бугарија и бугарските клубови кои ги има во голем број во Македонија. Поентата беше голема, преку тие бројки и статистики што јас ги кажав всушност покажува колку во Бугарија нема демократија, а колку во Македонија има демократија и кога се жалевте дека е запален Бугарски клуб во Македонија ве молам да бидете до крај искрени, бидејќи има причина за тоа“, истакна пратеничката и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска на седницата на мешовитиот парламентарен комитет во Европскиот парламент.
Пешевска додаде за тоа дека кога цел свет има расчистено со фашистичкото минато и го осуди фашизмот Бугарија се дрзна во поново време да отвори клубови со имиња на фашисти, блиски соработници на Хитлер, Борис Трети, Цар Фердинанд итн.
„Мислам дека покажавте како држава со тоа што нема ниту еден македонски клуб колку сте демократски во однос на оваа тема. Да говорите за говор на омраза кон жени нешто за што јас како претседателка на Унијата на жени во нашата партија многу пати сум осудувала или сум застанувала во одбрана дури и на жени од опонент партија, а да го применуваш е навистина контрадикторно, навистина треба добро да си ги прегледате снимките кога зборувате овдека и се обраќате“, вели Пешевска.
Пешевска на Џамбаски му посочи дека таа има пријатели од Бугарија кои не се однесуваат вака, напротив се однесуваат многу по европски од него и по пријателски.
За жал, вие сте срам не само за Бугарија, туку и лош пример за Европратеник, му порача таа на Џамбаски.
„Во излагањето на колегата Џамбаски имаше една констатација дека секоја земја кандидат мора да го почитува правото на самоопределување. Јас би дополнила дека секоја членка на ЕУ треба да го почитува правото на самоопределување. За жал во 21-от век во Бугарскиот парламент имате партија која носи име „Има таков народ“, таа партија сериозно работи на проектот нема таков народ, а се однесува на Македонците во Македонија. Според тој проект не постојат македонски народ, македонска нација, македонски јазик, посебно македонска историја и јас не би сакала како политичари оваа сесија да помине во историски лекции, мислам дека тоа и те како треба да е научена лекција дека треба да оставиме на историчарите“, посочи Пешевска.
Пешевска се осврна и за демократијата низ бројки и статистики.
„Во Македонија има отворено над 20 бугарски клубови, тоа значи дека Бугарите во Македонија имаат право на самоопределување и здружување нешто што го немаат Македонците во Бугарија, во Благоевград се отвори еден македонски клуб за личност што беше од двете страни општо прифатена за да следниот ден со одлука на Советот на Благоевград се укине и се затвори. Тоа говори за демократијата во двете држави“, изјави Пешевска.
Пешевска исто така запраша за тоа кога Бугарија како држава била поискрена кога влегувала во ЕУ и кога велела дека нема отворени билатерални прашања со ниту еден сосед или сега кога кажува дека има проблем со нивниот сосед?
„За говорот на омраза во двете држави исто се говори преку статистики и релевантни извештаи. За илустрација до комисијата за борба против дискриминација, заклучно со 11.3.2021 година поднесени се вкупно 34 поплаки за дискриминација и тоа 7 од физички лица Македонци со бугарска самосвест. 26 од само едно исто здружение во 25 од случаевите, замислете комисијата констатирала единствено говор на омраза против Бугарите на социјалните мрежи што укажува за обид за фингирање на наводен дискриминаторски однос кој не е однос на релевантните институции. Ниту од Владата ниту од Собрание, ниту на официјални државни институции нема говор на омраза што не е случај со Бугарија, од најголемиот авторитет во Бугарија од претседател на држава до парламент, Влада, пратеници, носење резолуции против македонскиот јазик итн имаше говор на омраза. Значи правото на здружување на Бугарите во Македонија е загарантирано и веќе го имаат. Почитувањето на Копенхашките критериуми јас ќе се повикам и на почитување на одлуките од Судот за човекови права во Стразбур и ве повикувам да ги почитувате и спроведете пресудите за македонското малцинство во Бугарија“, заклучи Пешевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)
Македонија
Јаневска: Со универзитетите го подготвивме и со конструктивна дебата ќе го завршиме Законот за високото образование
Министерството за образование и наука не е спротивставена страна на академската заедница, напротив во соработка со Универзитетите го започнавме и на ист начин ќе го завршиме Законот за високото образование, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред почетокот на 4-тата јавна дебата, што денес се одржа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Министерката уште еднаш нагласи дека сè што работната група смета дека е прифатливо, ќе биде инкорпорирано во новата драфт верзија на Законот, која потоа повторно ќе биде поставена неколку дена на ЕНЕР.
– Последниве денови се изнаслушавме дезинформации и лаги дека се укинува вонредното студирање, дека државата не финансира објавување на научно-истражувачки трудови и други. Лагите и дезинформациите, претпоставувам, треба да бидат на штета на министерот или на партијата, но во суштина се на штета на државата и на младите луѓе кои живеат во неа и апелирам дека треба да се престане со тоа, затоа што сме отворени за секоја конструктивна критика. И сè што сметаме дека е во ред, ќе биде внесено во законот, додаде Јаневска.
За дебатата со приватните универзитети, министерката рече дека била конструктивна и дека се договориле речиси за сè.
– Јас сум многу среќна што приватните универзитети реагираа на високо ниво. Се договоривме со нив, кога ќе го завршуваме законот, дополнително уште еднаш ќе се видиме, за да провериме дали е сè во ред и ќе ја затвориме тогаш последната драфт верзија, рече Јаневска.
Прашана за можноста за бесплатно високо образование, Јаневска објасни дека сите категории студенти што треба да го имаат, веќе го имаат.
– Накусо, студентите кои се без родители, од самохрани и еднородителски семејства, со попреченост и сл., со овој закон се ослободени од партиципација. Студентите кои се од ранливи категории, со ниски примања, добиваат стипендии. Што значи 2 месеци од стипендијата што ја примаат 9 месеци, им ги покрива трошоците за студирање. Студентиве од истиве категории, кои се сместени во студентските домови, исто така се максимално повластени. Нашите студенти, само ако се запишат на универзитет, добиваат средства за студентски оброк, изјави Јаневска.

