Македонија
(Видео) Пешевска: Маричиќ не го прашувам бидејќи, освен бифтеци, ништо друго не го интересира
Пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ постави низа прашања до министерот Бујар Османи, премиерот Димитар Ковачевски и до пратениците од помалите партии, дел од владината коалиција. Прашање немаше само за вицепремиерот Маричиќ за кого рече: „Него, освен бифтеци, не го интересира ништо друго“.
Прашањето до Мисовски, Мираковска и до Панчо Минов беше дали ќе гласаат за предлогот за уште некоја функција, а Мартин Костовски доби прашање: „Ќе го гласате ли овој предлог во замена за ослободување од гонење поради Законот за јазиците, кој го објавивте без потпис на претседателот?“ Таа смета дека пратениците се пазарат. На седницата продолжи праксата со кинење на листовите на кој е францускиот предлог.
„Собранието е параван на оваа Влада и купување време за да ја подели одговорноста со нас пратениците за документи за кои не сме консултирани, прашани, туку брутално заобиколени. Информации дознававме од Бугарија. Оваа Влада не покажа државничко однесување за заштита на државните интереси. Молчеше кога Бугарија имаше територијални претензии кон Македонија. За сето ова, можам да ви порачам дека за да ве ценат и почитуваат другите, треба да се цените и почитувате самите себе. Вие се потценивте лично, но и народот. Поништивте малцинство во Грција, сега во Бугарија“, рече Пешевска.
Таа го праша министерот Бујар Османи: „Ти Бујаре што направи за земјата што ти понуди сè? Детство, образование, функции“, па беше прекината од Талат Џафери, кој ѝ рече: „Жаклина, министерот има име и презиме, ако не, ќе му се обраќаш со име и презиме. Коректно ако треба да бидеме. Министерот за надворешни работи е Бујар Османи, а не ти Бујарее“.
Пратеничката имаше прашање и до премиерот Ковачевски: „Дали ќе дозволите да бидете премиер на Чакаларовци или генерација на Јуди бидејќи Јуда и по 2022 лета господови, останаа предавник и ништо друго“.
„Маричиќ не е тука и не го прашувам бидејќи, освен бифтеци, ништо друго не го интересира“, констатира Пешевска.
На крајот од обраќањето пратеничката ја праша и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лаен, дали би потпишала договор со кој би се довел во прашање нејзиниот идентитет и јазик?
„Со овој лист хартија ќе ја погребате Република Македонија“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

