Македонија
Пешевска: Мерки за зголемување на наталитетот, шест инвитро-оплодувања на трошок на ФЗО
„После години поминати рамо до рамо со граѓанскиот сектор, со дел од приватните клиники за ин витро оплодување, со активистите, со секој родител кој со солзи сведочеше. Многу работни средби, јавни расправи, искрени разговори вродија со плод“, вели претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска за владината мерка – 6 бесплатни ин витро оплодувања на трошок на Фондот за здравствено осигурување.
„Оваа Влада покажа дека кога граѓаните зборуваат, институциите слушаат. Кога постои волја за соработка, постои простор за промена.
Верувам дека токму оваа мерка ќе биде поттик за раст на наталитетот, но уште поважно – ќе биде искра за надеж и остварување на еден благороден сон, а тоа е бебешки плач во секоја празна соба“.
Го поздрави носењето на законот.
„Упатувам јавна благодарност до сите што беа дел од ова патување, особено до здружението “До бебе по пат на инвитро” за сите доставени ресурси, статистики, истражувања и идеи за реализација на оваа мерка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

