Македонија
Пилотите на комерцијалните летови забележале два нови пожари, Ангелов апелира: „Немојте да користите огномети“
Се’ уште се активни пет пожари на отворен простор, а акцентот и денес ставен на гаснење на пожарот во Македонски Брод, каде се дејствува повеќе од 20 дена.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, информира дека овој пожар се одвива на три крака. Едниот е кон селото Белица каде се дејствува со ертрактори и пожарникари. Вториот крак е кон викенд населбата Козјак, но тука е речиси изгаснат и направен е противпожарен појас. Третиот крак е тој што навлезе кај ловиштето Јасен и се уште е активен, а во моментот се делува со два ертрактори.
„На територијата на Македонски брод има уште еден пожар кај селото Пласница, каде делуваат кипарските ертрактори. Пожар има и на Галичица, кој се движи кон Стење од ресенска страна и се дејствува со два ертрактори“, рече Ангелов.
Првиот човек на ЦУК додаде и дека денес државата има на располагање само четири странски ертрактори, од кои два германски и два кипарски. Во текот на денот си заминува унгарскиот тим од 46 пожарникари со специјални возила кој беше стациониран кај Македонски брод и даде значителен придонес во гаснењето.
ЦУК добил пријава од пилотите на комерцијални летови за два нови пожари во селото Орел каде се испратени локалните пожарникари и на планината Сува Гора спроти селото Ласкарци.
„Раното откривање на пожари функционира и на начин што пилотите на комерцијалните летови пријавуваат до Контролата на летање ако забележат некаде да чади што дополнително ни помага брзо да реагираме“, соопшти Анеглов.
Апелира до граѓаните да не користат пиротехнички средства, односно огномети кои можат да бидат крајно опасни и да предизвикаат нови пожари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

