Македонија
Пинокио се појави кај градинката во Прилеп која требаше да биде отворена уште пред две години
Во Прилеп се одржа Креативна акција во која јунаците од приказните и цртаните филмови помагаат на прилепчани во нивните напори да проработи градинката во населбата Точила.
Креативната акција беше поставена денес, пред градинката во населба Точила.
„Преку овој настан, на кој во вид на изложба се појавуваат Пинокио и неколку лика од цртаните филмови и приказните, сакаме уште еднаш да алармираме на енормното доцнење и калкулирање со отворањето на градинката во населбата Точила која треба да прими околу 250 деца и да го реши проблемот на немањето место во градинките во овој дел од градот, но за жал не се знае кога ќе проработи“, велат организаторите на акцијата.
Идејата е да се алармира локалната но и целата јавност во Македонија за недостатокот на јавни установи за згрижување на деца во Прилеп. Она што е особено важно е дека оваа градинка е особено важна за граѓаните од ранливите категории и семејствата со минимални примања, бидејќи тие не можат да си дозволат приватни установи за сместување на децата, а неможноста истите да бидат примени во друга јавна установа за згрижување деца ги ограничува родителите во обезбедувањето работни ангажмани, а со тоа и егзистенција на семејствата.
„Преку оваа акција во која Пинокио всушност не лаже туку ја кажува вистината, сакаме да потсетме дека во многу наврати досега беше ветено довршување на изградбата и пуштање во употреба на градинката во населба Точила, чија изградба започна во април 2021 година со ветување дека ќе почне со работа во 2022. За жал веќе сме на половина од 2024 година, а градинката иако е изградена и според кажувањата завршени се сите ентериерни работи се уште не е пуштена во употреба, при што нема официјална потврда ни дека од оваа есен децата ќе можат да тргнат во оваа градинка. Се надеваме дека овој настан, граѓанската и медиумската поддршка ќе го забрза решавањето на овој горлив проблем на повеќе од 200 деца и семејства од Прилеп“, се додава.
*Настанот и акцијата се поддршка на групата Урбани уметнички акции за здружението на граѓани Станица П.Е.Т и жителите на населбата Точила и градот Прилеп. По завршувањето на настанот елементите и делата ќе бидат подарени на градинката за да ги украсуваат нејзините ѕидови и училници и да ги радуваат децата кога истата ќе биде отворена – што се надеваме дека ќе биде во блиска иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци, правда ќе има
Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7 годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Извршната власт во овој случај има обврска да го обезбеди бегалецот пред органите на правдата и тоа МВР го направи.
Што се однесува до лицемерието на СДС тоа се гледа и во фактот што до вчера велеа дека власта го пуштила да избега, а од денес велат дека е договорено неговото обезбедување пред органите на прогонот. Вистината е дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе одговараат. Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има“.
Македонија
Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата, велат од СДСМ
Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата. Дефокус не го полни фрижидерот, истакнуваат од СДСМ.
„Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари. Повеќе не можете така да поминувате. На сите им е сè јасно. План за ребаланс на буџетот и кратење на луксузот ви дадовме. Прифатете го предлог-законот, откажете се од авионот, мебелот и луксузирањето. Дајте им на работниците тоа што го заслужуваат за пристоен живот.
Џабе ви се 40% од медиумите во сопственост на Орбан – гладен стомак не можете со пропаганда да го убедите дека е сит. Луѓето живеат тешко додека вие ги полните џебовите со тендери“.
Секојдневно ја задолжувате државата за вашите тендери, ги полните своите џебови додека луѓето едвај врзуваат крај со крај, реагираат од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ.
„Вашите црни кампањи, така наречени новинари како Латас, Ивона, Геро и „суперхероите“ како Бетмен не поминуваат повеќе. Вашите Алфа/Алта мрежи не можат да го запрат незадоволството кај народот.
Прифатете го законот заради работниците – доста беше од вашите игри.
Ќе дојде ден кога правосудството ќе биде слободно – сите ќе одговарате“.
Македонија
Поради одрон на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

