Македонија
Писмо од рускиот патријарх г.г. Кирил до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан
По донесената одлука од 25 август 2022 година на Свештениот собор на Руската православна црква за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на 08 септември оваа година, Неговата Сесветост патријархот московски и на сите Руси г.г. Кирил испрати писмо до Неговото Блаженство митрополитот скопски и архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во кое го известува Неговото Блаженство за прифатената автокефалија.
„Срдечно Ве поздравувам и Ви благодарам за писмото од 13 јули оваа година, во кое соопштувате за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и за врачувањето на Томосот за автокефалија, од светејшиот патријарх српски Порфириј на Вашето Блаженство. Да Му благодариме на Бога за Неговиот неискажлив дар! (2 Кор 9, 15) Нашата Црква секогаш се стремеше да го поддржува македонското православие, во текот на многу години на сите можни начини, помагајќи го дијалогот помеѓу српските и македонските браќа по вера. Радосно е што сега тие усилби се овенчаа со обновување на општењето меѓу двете Цркви. Светиот патријарх српски Порфириј се обрати до мене со официјално известување за давањето на автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и со молба да ја признам таа автокефалност, давајќи им пример и на останатите помесни православни цркви.
На 25 август оваа година, Светиот синод на Руската православна црква, го разгледа посланието на Неговата Светост. Заблагодарувајќи Му на Господа за разрешувањето на статусот на Православната црква во Северна Македонија на канонска основа, Светиот синод реши да ја признае Македонската православна црква – Охридска архиепископија за сестринска автокефална Црква, и во свештениот Диптих, како поглавар, да го впише името на Вашето Блаженство. Соопштувајќи Ви братски за тоа решение, од лицето на Светиот синод и од сета полнота на Руската православна црква, се надевам дека Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија, цврсто ќе ја чува чистотата и непорочноста на светата православна вера и ќе ја запазува верноста на православното канонско предание.
Уверувајќи го Вашето Блаженство во подготвеноста за развивање на сестрана соработка помеѓу нашите цркви, молитвено Ви посакуваме телесни и духовни сили и изобилни милости од Господа и многу години поглаварско служење, а на Вашата богољубива паства ‒ мир и благоденствие“ – се вели во писмото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници
Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница.
Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од Минхен.
Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.
Македонија
Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.
-Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти полицијата.
Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
СДСМ: Две недели без одговор како 5 тони дрога поминале преку граница, бараме одговорност од Мицкоски
СДСМ обвинува дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што велат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, поврзан со транспорт на пет тони дрога преку државната граница.
Од партијата посочуваат дека молчат премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе функционери, оценувајќи дека тоа отвора сомнежи за одговорност на власта.
„Овој гласен молк е најсилна потврда дека скандалот води до врвот на Владата“, се наведува во соопштението.
СДСМ реагира и на изјавите дека биле запленети 100 тони марихуана, оценувајќи дека доколку постоело толкаво производство, тоа претставува сериозен пропуст на институциите.
Според нив, за такво количество би била потребна површина од над 30 хектари, поради што прашуваат дали биле извршени контроли од надлежните служби, вклучително и полицијата, инспекторатите и безбедносните агенции.
Партијата дополнително прашува како пет тони дрога биле транспортирани со товарни возила покрај системите за надзор, камерите и граничните контроли.

