Македонија
Планинар од Скопје починал на Пелистер

Безживотно тело на планинар е најдено кај месноста „Ловечка куќа“ на планината Пелистер, инфромира попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК) по добиено известување од Секторот за внатрешни работи Битола.
Според првичните сознанија, станува збор за повозрасно лице од Скопје со иницијали А.С.
Центарот за управување со кризи, како што соопштија оттаму, веднаш ја известил Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Битола која има тим за интервенции во планински услови за да може телото на починатото лице да биде транспортирано до првото место место до кое може да дојде возило на Итната медицинска помош и да го преземе телото.
„За подобра координација, од ЦУК е направен и контакт помеѓу дежурните лица во СВР Битола и ДЗС Битола“, се вели во соопштението.
Во меѓувреме, како што информираат оттаму, екипа на Министерството за внатрешни работи треба да изврши увид.
Инаку, според информациите, местото каде е пронајдено телото на починатиот планинар било на надморска висина од околу 2.000 метри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.