Македонија
Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија.
Тој се движел во група сочинета од 8 планинари на потегот помеѓу тетовските села Јелошник и Вејце, но се оддалечил од групата и залутал поради густата магла.
По пријавувањето на случајот во полицијата, полициски службеници на СВР Тетово и двајца планинари почнале со пребарување на теренот и утрово околу 5.30 часот тој бил пронајден на бачило во месноста Коњушка Река.
Планинарот е без повреди и е во добра здравствена состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

Во недела, 30 март, со почеток од 10 часот поради одржување на атлетска трка, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информира МВР.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Институциите да го повикаат на распит Јон Фрчкоски, а Филипче да каже како поставил лице уживател на дрога на партиска функција

Фрапирачки е како Венко Филипче како лекар, хирург, молчи за конзумирањето дрога на Јон Фрчкоски, лице кое тој го постави за партиски функционер. Дали Венко Филипче како лекар, но и како претседател на СДС го осудува конзумирањето на дрога од страна на Јон Фрчкоски, прашува Бране Петрушевски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Има, вели тој, јавно признание како нивен партиски функционер конзумирал дрога на работно место.
Дополнително праша, зошто Венко Филипче молчи и се крие, обидувајќи се да го сокрие овој мега нарко скандал.
„Ги повикуваме надлежните институции да го повикаат на распит Јон Фрчкоски.
Дали Јон Фрчкоски конзумирал дрога кога водел институција како помошник директор во ПУИГ, или е сега кога водел орган во СДС?
Доколку Јон Фрчкоски конзумирал дрога додека бил помошник директор на ПУИГ, дали и како тоа влијаело на неговите одлуки како директор?
Институциите треба да го проверат работењето на Јон Фрчкоски како помошник директор, и дали тој додека бил во состојба под психотропни супстанци ја оштетил институцијата“, кажа Петрушевски.
Македонија
Крива Река е опасна за животот на луѓето, загадени и земјоделските насади – градоначалникот бара кривична одговорност

Во согласност со извештајот на акредитирана лабораторија „Техно лаб“ во Скопје, водата во Крива Река, по земените примероци, еден ден по хаваријата во рудникот „Ораница“, е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето по должината на течението на реката, но и за флората и фауната. Ова го истакна градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
„Извештајот покажува неверојатно зголемени концентрации на штетни материи, а она што најмногу загрижува е десеткратното зголемено присуство и концентрација на тешки метали, поточно количината олово во водата. Дополнително, за неколку стотици пати е зголемена концентрацијата на цијанид, фосфор и азот во Крива Река“, рече градоначалникот.
Нагласи и дека како резултат на ова загадување загрозена е и почвата по текот на овие две реки, и на реката Пчиња, но и на земјоделските насади што се наводнуваат од овие подрачја. Во ризик е ставено и здравјето на луѓето што ќе ги јадат овие зејоделски и сточарски производи, предупреди градоначалникот.
За ова загадување Општината ќе бара и кривична одговорснот. Гo повикуваат јавниот обвинител итно да преземе мерки за сторителот на ова загадување по повеќе точки од Кривичниот законик.