Македонија
„Планот за враќање на Груевски, оркестриран од високи експоненти на ДУИ, е нож во грбот на Албанците“, велат од „Влен“
„Поминаа четири дена откога јавноста беше потресена од шокантните откритија за ДУИ и нејзината разбиена клика. Што прават тие? Mолчат!“, велат од „Влен“.
„Планот за враќање на Никола Груевски, оркестриран од високи експоненти на ДУИ, е нож во грбот на Албанците. Вие, на кои Албанците им веруваа, работевте скришно да го вратите нивниот најголем непријател. Зошто? За да ја зачувате вашата скапана моќ!
За враќање на Груевски и амнестија беа искористени тајните средби, притисокот врз институциите и вмешаноста на високи функционери. Но, овој срамен план пропадна и сега Албанците бараат одговори.
„Влен“ нема да молчи. Од Скопје му велиме на Али Ахмети – немој да се криеш во Швајцарија, туку врати се и дај отчет. Зошто сета оваа љубов кон Груевски? Што имаш ти со тоа? Какви пазарења направивте и што се обидувате да скриете од Албанците?
Албанскиот народ повеќе нема да се манипулира. Правдата доаѓа, а вашите игри завршија. Ќе се разоткријат лаги, манипулации и тајни зделки. Албанците ја заслужуваат вистината и ќе ја добијат“, соопштуваат од „Влен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Непречен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Времето денес облачно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер
Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).

