Македонија
Платите за просветните работници ќе пораснат за уште 10 проценти, одлучи Владата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/uchilnica.jpg)
Владата на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на платите во основното, средното, високото образование и во науката во за 10 проценти почнувајќи од исплата на платата за април 2020 година.
Со оваа информација, велат од Владата, откако ќе биде постигната Спогодбата со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), вкупното покачување на платите од април идната година, во основното, средното, високото образование и во науката, ќе изнесува повеќе од 20 проценти, имајќи ги предвид претходните две покачувања за само една година, на два пати по 5 проценти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е чувар на фотелјата на Заев
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/sdsm-venko-filipce-3.jpeg)
Венко Филипче е чуварот на фотелјата на Зоран Заев во СДС. Тоа е општ впечаток во јавноста, па дури и во самиот СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„И членовите и функционерите на партијата кажуваат дека СДС е заробена партија, дека изборите за претседател биле компромитирани и не биле демократски, со бројни забелешки и злоупотреби.
Самите членови и функционери на СДС кажуваат дека фантоми биле на избирачкиот список, дека на членови не им било дозволувано да гласат, за на крајот Филипче да биде избран со 9.000 гласови од 80.000 членови.
Филипче и Заев треба да знаат дека ниту една лидерска позиција нема да ги спаси од одговорност за злоупотребите кои се случија во нивниот мандат.
Јавноста уште ги памети скандалот со набавката на вакцини, крвавиот тендер, обидите да се приватизира јавното здравство и на крајот катастрофата со модуларната болница
Овие скандали кои чинеа не само милиони евра, туку и човечки животи се резултат на двоецот Заев – Филипче, кој сега покажа дека ја имаат киднапирано партијата за да биде нивна маша.
Жалиме што СДС пропушти шанса да се справи со криминалците во своите редови, но казната порано или подоцна ќе ги стигне, како што беа казнети од страна на граѓаните на последните избори“, се вели во партиското соопштение.
Македонија
109 санкционирани возачи во Скопје
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/policija-mvr-3.jpg)
Во Скопје вчера се изречени вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, четири мерки за користење на мобилен телефон при управување, 28 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири мерки за некористење на сигурносен појас, информира МВР во дневниот извештај.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот и придонес за посигурни патишта.
Македонија
Воведен е летен сообраќаен режим за движење на камиони
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/kamioni-granica.jpg)
Од вчера, па се до 31 август на државните патишта во Македонија воведен е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.