Македонија
„Платите на полицијата растат 10 отсто, се работи на враќање на достоинството на полицајците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Платите на полицијата со априлската исплата пораснаа за 10 проценти. Тоа е покачување на примањата на над 12000 граѓани. Ова е реализација на уште едно ветување на Владата со кое се работи на создавање на промени и враќање на достоинството на гаранторите на безбедноста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со години полицијата беше омаловажувана и беше рушено нивното достоинство. Единица мерка за криминал и заштита на криминалците беше поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Од ортак на криминалните кланови Грчец и Арачиново кои останаа нечепнати поради услугите за избори кои ги овозможуваа на СДС, до некадарни и криминогени началници на Спасовски кои го рушеа угледот на полицијата.
Оваа Влада денес работи на враќање на довербата во полицијата и мотивирање да го спроведуваат законот и чуваат редот.
Покачeните плати се уште еден показател на борбата на Владата за секој еден човек и неговата иднина. Разликата е видлива, промените се случуваат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).