Македонија
Повеќе од 400.000 Сиријци од Турција се вратиле во својата земја
Во моментов Турција е домаќин на 3,58 милиони Сиријци, додека повеќе од 400.000 од нив се вратиле во својата земја, објави турското Министерство за внатрешни работи.
Иако во Турција сè уште има повеќе сириски бегалци отколку во која било друга земја во светот, според податоците на Министерството, прекуграничните антитерористички операции на Турција во северна Сирија од 2016 година овозможиле стотици илјади Сиријци да се вратат во својата земја.
Исмаил Катакли, портпарол на турското Министерство за внатрешни работи, исто така, ги претставил најновите податоци поврзани со антитерористичките операции низ целата земја во април.
„Беа извршени 8.163 операции во руралните области, вклучително три големи операции и 27 средни операции, а 252 операции беа извршени во градовите“, рече Катакли, пренесува агенцијата Анадолу (АА).
Истакнувајќи дека терористичката организација ЈПГ / ПКК има најмал број на регрути досега, тој рече дека тие успеале да привлечат само 13 нови членови од почетокот на годинава.
Катакли, исто така, рече дека 37 терористи биле неутрализирани за време на антитерористичките операции во април.
Тој, исто така, кажа дека во својата терористичка кампања против Турција, која трае повеќе од 30 години, ПКК, која Турција, САД и Европската Унија ја сметаат за терористичка организација е одговорна за смртта на 40.000 луѓе, вклучително и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

