Македонија
Поволности за паркирање на лицата со попреченост
																								
												
												
											Сите граѓани – лица со попреченост преку Јавното претпријатие „Градски паркинг“ можат да користат поволности за паркирање на своите возила на територија на цело Скопје, соопшти Општина Карпош.
Со бесплатна картичка за користење на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува претпријатието можат да се стекнат:
– Лицата со попреченост со утврдена дијагноза, односно дистрофија, дијализа, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа (полиомиелитис), мултиплекс склероза и ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во фондот на ПИОМ, слепи лица со оштетување на видот над 90 %.
–
Овие лица потребно е да ги испратат следниве документи на е-адресата на „Градски паркинг“ :
– важечка лична карта – на увид;
– копија од сообраќајна дозвола;
– ПИОМ Решение за степен на телесно оштетување – на увид;
– Лекарски наод од специјалист – на увид;
– Потврда од матичен лекар за точно наведена дијагноза – оригинал;
– Членска книшка од здружение за телесно инвалидизирани лица – на увид;
– Пополнет образец Барање – Договор (ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВОСТРАНО ПЕЧАТЕЊЕ)
За решавање на проблемот со паркирањето, локалната самоуправа спроведе и анкети за воведување на регулација на паркирањето. Спроведени се анкети во Карпош 1 и Карпош 2, при што доминираат одговори за воведување зонско паркирање.
Вакви анкети ќе се спроведат и во други населби, а зонското паркирање би се спровело во соработка со ЈП „Градски паркинг“ и подразбира бесплатен паркинг за резиндентните граѓани, но не и за жителите на подалечни населби и општини, додаваат од општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

