Македонија
Повторно одложено судењето за родилката Јилдиз Веаповска од Дебар
Трет пат се одложува судското рочиште во Основниот суд во Струга, на кое им се суди на тројца доктори од струшката болница, за лекарска грешка во случајот со родилката Јилдиз Веаповска од Дебар.
Адвокатот на обвинетите лекари, побара одлагање поради здравствени причини. На денешното рочиште требаше да сведочи медицинска сестра од болницата во Струга, а судскиот процес продолжува на 9 мај.
Обвинителството лани во мај поднесе обвинение против поранешниот директор на болницата во Струга и гинеколог Мухамед Асани и уште двајца негови колеги, за тешки дела против здравјето на луѓето, затоа што пред три години при породување со царски рез, Веаповска остана без матка, јајник и бубрег.
За ова кривично дело се предвидува максимална затворска казна од 5 години. Од почетокот на судењето лани во јуни, до денес ова е трето одлагање. Веаповска вели дека последиците по здравјето сè уште ги чувствува, а одлагањето на судските рочишта смета дека е купување на време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

