Контакт

Македонија

Поддршка за обвинетиот доктор пред тетовскиот суд – се бара слобода за Вучевски, обвинет за пожарот во модуларната болница

Објавено пред

Граѓани на Тетово, меѓу кои и пациенти на обвинетиот доктор Бобан Вучевски, одново се собраа пред тетовскиот суд. Тие му изразија поддршка и побараа ослободителна пресуда од судијата Јордан Велковски. Собирите пред судот станаа рутина за нив бидејќи доаѓаа и на секое судење што го имаше докторот. Според нив, тој им помагал на пациентите, а не е виновен за пожарот.

dobivaj vesti na viber

Тетовскиот суд ќе ја изрече првостепената пресуда за тројцата обвинети за пожарот во модуларната болница, која изгоре, а однесе и 14 животи. Судијата Јордан Велковски ќе треба да ги огласи за виновни или да ги ослободи за делата за кои се гонат. Обвинети се поранешниот економски директор на болницата, Артан Етеми, раководителот на ковид-центарот, докторот Бобан Вучевски, и Флорин Бесими, ексдиректорот на болницата во Тетово.

Ексдиректорот на тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор Артан Етеми не се гонат поради причината за пожарот во тетовската модуларна болница, туку затоа што не ставиле пропишани уреди за гаснење пожар.

На докторот Бобан Вучевски му се суди бидејќи дозволил влез на роднини во болничките соби, иако тоа било забрането. Ова е суштината на обвинетието за пожарот по кое им се суди на директорите и на докторите, чие судење двапати се одлага. Првиот пат поради отсуство на обвинетите, а вториот бидејќи обвинетите дојдоа без адвокат.

Обвинетите Ф. Б. (Флорин Бесими) А. Е. (Артан Етеми) и обвинетото правно лице (Општа болница Тетово) не постапиле во согласност со мерките и активностите што произлегуваат од договорот за заем склучен помеѓу Република Северна Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка, според кој, иако биле должни да имаат соодветни уреди и инсталации за заштита од пожари и експлозии, друга противпожарна опрема, средства за гаснење пожари и противпожарни апарати, на денот на пуштање во употреба на модуларната болница во Тетово, па сѐ до денот на настанување на пожарот не поставиле соодветни уреди за заштита од пожар – противпожарни апарати, па како резултат на нивното непостапување, на 8.9.2021 година, околу 21 часот, и како последица од настанатата куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел од дефибрилаторот, со кој се вршела реанимација на пациентката Марија Димовска во соба број 3, кревет број 1, од прегревање на кабелот настанало палење на приклучната кутија од продолжниот кабел на синтетичките материјали од кои се изработени втикнувачите, полначот за мобилен телефон и куќиштето од продолжниот кабел, па по забележаната појава на пламен, настанало бурно ширење на пожарните дејства од соба број 3 кон соба број 2 и потоа во целиот објект простирајќи се по покривните панели кон ниските предели на панелните ѕидови и болничкиот инвентар“, стои во обвинението.

Пожарот се гаснел со ќебе и вода. За животот на пациентите се бореле двајца доктори, три медицински сестри и болничарка. Сите барале противпожарни апарати, но не успеале да ги најдат.
„Но, сите тие во обидот да го изгаснат огнот не успеале по што се развиле пожарни дејства и пожарот за краток период се проширил во целиот објект, па како резултат на настанатиот пожар пациентите болни од Ковид-19 и членовите на нивните семејства, погоре наведени, како придружни, лица починале“, се додава во обвинението.
За докторот Вучевски, има само еден пасус во кој се бара одговроност од него. Но, не за пожарот, ниту за причините, ниту за последиците од немањето противпожарни апарати.
„Обвинетиот Б. В. (Бобан Вучевски) како одговорно лице за време на епидемија не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање и спречување и не постапил во согласност со наредбата донесена од страна на медицинскиот директор при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово за забрана на посета на неовластени лица во болничките простории поради појава на сезонски грип и глобалните случувања предизвикани од Ковид-19 и дозволил влез на неовластени лица – членови на семејствата на болните од Ковид-19 како придружници – во модуларната болница“, стои во обвинението.

Директорите се гонат за две кривични дела, и тоа за тешки дела против општата сигурност и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, а докторот само за непостапување според здравствените прописи во време на епидемија.
Застапник на обвинението е тетовскиот обвинител Бесир Алиу.

Македонија

Од полноќ почнува изборниот молк

Објавено пред

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда.

dobivaj vesti na viber

Изборниот молк ќе трае до среда до 19 часот, односно до затворањето на избирачките места.

Се гласа на 3.480 избирачки места.

Утре (7 мај) гласаат иселениците, болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и две раселени лица.

Според Државната изборна комисија (ДИК), за претседателските избори биле пријавени 1.814.317 гласачи, а за парламентарните избори вкупно 1.815.350 гласачи.

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања, информираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта“, се појаснува во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовозуелни медиумски услуги.

Прикажи повеќе...

Македонија

Апасиев: Сиромашниот Албанец, сиромашниот Ром, сиромашниот Бошњак, сиромашниот Турчин ни е поблизок од македонскиот чорбаџија

Објавено пред

На денешниот завршен Народен собир на Левица од Парламентарна кампања, 2024, се обрати претседателот на Левица и Носител на ИЕ1, Димитар Апасиев.

dobivaj vesti na viber

,,AСНОМ е она што сега го возобнувуваме. Тие што нè ословуваа дека сме националисти, нека знаат дека повеќе Турци и Бошњаци ќе влезат преку листите на Левица, отколку преку нивните етнотрибалистички листи”, рече Апасиев во своето обраќање кон граѓаните.

Според Апааиев, Левица не е лажна опозиција и Левица има светла иднина.

,,Оставете ги овие балони што се дуваат, овие максовци кои ќе испарат за година – година и пол. Ние на овие избори очекуваме да влеземе со пратеничка група, а нашиот народ знае дека треба да го даде гласот за Левица!”, порача Апасиев.

Својот говор, Апасиев го заокружи со благодарност до членовите и симпатизерите на Левица.

,,Сакам да ви се заблагодарам најискрено и најчовечки, бидејќи вие сте денес тука – водени од идеали и од каузата што нè обединува. Никој од вас не зеде пари, за да дојде тука на овој заеднички Народен собир на Левица. Никој од вас не го вработивме преку Левица. Сега имаме набљудувачи во рекорден број. Како никогаш досега разваливте на терен. Веќе го надминавме епитетот на мала и фејсбук – партија, затоа се плашат од нас. И има зошто да се плашат!”, додаде Апасиев.

Во однос на класната борба, претседателот Апасиев рече:

,,Сиромашниот Албанец, сиромашниот Ром, сиромашниот Бошњак, сиромашниот Турчин ни е поблизок од македонскиот чорбаџија. И затоа, елајте, браќа и сестри! Елајте, народи и народности! Елајте во Левица, за да го вееме бајракот на слободата!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Силјановска-Давкова: Времето на жените доаѓа, срамота е што 30 години сме немале жена претседателка или премиерка

Објавено пред

Во рамките на активностите на кандидатката за претседателка на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, таа се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба.

dobivaj vesti na viber

„Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиерка. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци“, порача Давкова.

Како што додаде, жените имаат што да покажат, имаат вулканска сила и мажите треба да се инспирираат од нив.

„Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат“, рече Давкова на трибината.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Македонија5 часа

Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам, вели Димитриевски

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која, претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, ги реафирмираше државните приоритети...

Македонија7 часа

Снопче ја праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг

Кандидатот за пратеник од коалицијата ВЛЕН Халил Снопче изјави дека „Европски фронт“ не може да се промовира со старата гарда...

Свет8 часа

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија9 часа

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија9 часа

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија9 часа

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија9 часа

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет10 часа

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет10 часа

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...

Свет10 часа

Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар

Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви...

Свет10 часа

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви...

Свет10 часа

Во регионот Суми, високонапонски објект на Укренерга оштетен во руски напад

Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз регионот Суми...

Економија1 ден

Хрватска е привлечна за балканските работници поради платата, станува збор за многу пари

„Сезоната за извоз на работна сила практично започна веќе во април, поточно за келнери, готвачи и други работници во угостителството...

Македонија1 ден

Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од негово лично име и од име на партијата упати честитка до сите верници по...

Македонија1 ден

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до...

Свет1 ден

Изборот за песна на Евровизија започнува за два дена, Шведска го очекува во страв

Мониста и штрас или пропалестински демонстрации и пароли? Изборот за песна на Евровизија, кој започнува во вторник во шведскиот град...

Македонија1 ден

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до...

Македонија1 ден

Православните верници го слават Велигден

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена...