Македонија
Поддршка од Полска за почеток на преговорите со ЕУ и покана за НАТО
Македонија доби поддршка од Полска да ги почне преговорите со ЕУ и да добие покана за НАТО. Ваков е заклучокот од работната средба на премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со полскиот премиер Матеус Моравјецки во Варшава.
Премиерот на Полска се заблагодари што со работната посета на премиерот Заев за првпат во 25-те години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави се остварува средба на премиерско ниво.
Моравјецки изрази поддршка на евро-атлантските интеграции на Македонија. Тој честиташе за постигнатиот договор со Грција, којшто, како што рече, отвора можности да почнат разговори за вклучување на Македонија во ЕУ. Тој додаде дека Полска ја поддржува Македонија и во НАТО-интеграциите, што, како што рече, ќе биде добро и за безбедноста во овој дел од Европа.
Премиерот Заев во изјавата прво, во име на граѓаните и Владата ја честиташе 100-годишнината од враќањето на независноста на Република Полска, што земјата ја одбележува оваа година.
„Сакам да се заблагодарам на премиерот Моравјецки, Владата на Полска и граѓаните на Полска, за драгоцената поддршка на евро-атлантските интеграции на Република Македонија, во клучните моменти кога тоа беше потребно за нашите граѓани. Видовме дека имаме силна поддршка од Република Полска да почнеме преговори за пристапување кон ЕУ и да добиеме покана за членство во НАТО, посебно по историскиот договор што го постигнавме со Грција“, истакна Заев.
Тој додаде дека оваа порака од Полска е многу значајна за Македонија, ако земеме предвид дека доаѓа моменти пред Советот на ЕУ, на којшто очекуваме да се потврдат позитивните вести за почнување преговори со ЕУ.
Претседателот на Владата, Заев, нагласи дека за Македонија и за регионот евро-атлантските интеграции значат и економски развој. Тој посочи на можноста за соработка со Полска во делот на производство електрични автобуси и трактори, како и опрема за одбраната на АРМ. На работниот појадок беше разговарано поконкретно за зголемување на трговијата, за развој на економските односи, за поблиска соработка во одбраната, како и во други области од интерес за граѓаните на двете држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Партијата Левица со Иницијатива во Град Скопје за чекор кон енергетска независност и крај на скапата струја
„Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори“, известуваат од Левица.
„Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја.
Наместо средствата да се трошат на комунални услуги, инфраструктура и подобар јавен превоз, тие завршуваат во надворешни снабдувачи.
Со ова решение, Градот ќе може сам да произведува дел од потребната електрична енергија, да ги снабдува своите институции по минимални цени и да продава вишок на пазарот, со што ќе обезбеди нови приходи.
Ова е стратешки проект кој обезбедува долгорочна стабилност и независност, а не краткорочна мерка.
Градот има огромен неискористен потенцијал, кровови, објекти и локации каде може да се развијат фотоволтаични централи и системи за складирање енергија.
Затоа очекуваме мнозинството во Советот, предводено од ВМРО–ДПМНЕ, да ја поддржи иницијативата ако навистина им е приоритет јавниот интерес. Ова не е партиска идеја, ова е решение кое му користи на целиот град.
Одбивањето на оваа иницијатива би значело дека некој става политички интерес пред интересот на скопјани, и дека не се сака долгорочно решение за намалување на трошоците, модернизација и енергетска независност.
Левица ќе продолжи да предлага системски и развојни проекти со кои Градот ќе стане финансиски постабилен, енергетски ефикасен и поеколошки“, се наведува во соопштението на Левица.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

