Македонија
Подмладокот на СДСМ засади дрва на Водно
По повод 27 миот роденден на СДММ, подмладокот на СДСМ спроведовме голем број активности којшто беа од хуманитарен карактер.
,,Денеска, во повеќе од 20 градови на различни локации засадуваме дрвца. Конкретно, на 3 локации овде на планината Водно, во Скопје во општина Гази Баба, општина Бутел, во општина Ѓорче Петров и секако низ сите останати градови ширум цела Република Македонија садиме дрва што треба да помогнат за прочистување на воздухот и за подобар и поквалитетен живот на граѓаните на Република Македонија. Секако, и во месец декември продолжуваме со низа активности што треба да го подобрат животот на граѓаните. Пред се, тоа се низа активности што ќе бидат од хуманитарен карактер”, изјави Дарко Каевски, претседател на СДММ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Попов: Заедно со УМС ќе се придружиме на протестниот собир пред Силбо, да изразиме сочуство за Фросина и револт против системот кој убива
„Без разлика на политичката определеност, граѓанска должност на секој поединец е да го крене гласот против нефункционалниот систем“, напиша на социјалните мрежи, Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Убиството на младата Фросина е доказ дека главната борба треба да биде насочена кон тоа да добиеме судии и обвинители кои ќе ја вршат својата работа и нема да дозволуваат апсени криминалци да шетаат по нашите улици.
Заедно со моите колеги од УМС, денес ќе се придружиме на протестниот собир пред Силбо, да изразиме сочувство за Фросина, како и револт против системот кој убива.
Згрозени од обидите на одредени поединци и структури да го политизираат овој случај, ве повикуваме сите во 13 часот да оддадеме почит и да не дозволиме оваа борба за правда и сигурност да биде извалкана и користена за политички поени“, додаде Попов.
Македонија
Целиот систем мора да се менува, вели министерот за правда по смртта на Фросина Кулакова
Министерот за правда Игор Филков упати сочувство до семејството и пријателите на прерано загинатата Фросина Кулакова, која беше смртно прегазена завчера на булеварот „Партизански одреди“.
„Некогаш нема утешни зборови, но она што можам да се заложам е дека мојата политичка позиција и мојата човечка мисија ќе ја насочам за менување на работите од корен. Целиот систем мора да се менува однадвор и одвнатре“, вели министерот.
Од Обвинителството претходно соопштија дека дваесетгодишникот кој го управувал возилото на неговиот татко, немал возачка дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено светло додека девојчето поминувало улица на обележан пешачки премин.
Во врска со минатото на младиот возач без дозвола, ова не била негова прва сообраќајна незгода. Тој предизвикал сообраќајка и на 4 ноември 2022 година, во која едно лице добило полесни повреди. Со изјавена согласност на оштетената, јавен обвинител донел решение со кое не се презема кривично гонење, а тој уплатил паричен износ од 18.000 денари.
Обвинителството се произнесе и за неговото минато со дрога. Имено, МВР против возачот поднело кривична пријава на 30 март минатата година поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Осомничениот на 2 април почнал да ја издржува мерката притвор за ова дело, но истрагата била завршена за помалку од 2 месеца. Обвинителството во мај барало продолжување на притворот, и бил продолжен до 31 јули, кога Основниот кривичен суд Скопје донел пресуда со која го огласил за виновен и му изрекол воспитна мерка – упатување во воспитно-поправен дом, информираа од Обвинителството.
Јавниот обвинител незадоволен од пресудата вложил жалба и предметот сѐ уште е во жалбена постапка.
За денес во 13 часот најавен е протест на местото на кое почина девојката, кај Универзалната сала.
Македонија
Власта незаконски избра членови на ААВМУ – Верзиволи и Селмани не исполнуваат услови, велат од партијата Левица
„Нетранспарентно, политички наместено и со избор на кандидати кои не ги исполнуваат законските услови – на ваков начин коалицијата ДПМНЕ – ЗНАМ ги именуваше новите членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, велат од партијата Левица.
„Противзаконско е именувањето за членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Афрона Верзиволи и Нафије Селмани, кои се политички истакнати личности преку политички партии од албанскиот блик.
Спротивно на Законот за ААВМУ според кој ,,за членови на Советот не можат да се именуваат лица кои биле дел од органите на партијата во последните 10 години, сметајќи го денот на објавувањето на конкурсот“, Верзиволи е политички ангажирано лице во Алијанса за Албанците, чие име се поврзува со скандалот дека Верзиволи нема лиценца да биде директор во Ревизијата на ИПА фондовите, при што самиот Таравари ја спомна како член на Алијанса. Верзиволи е партиски кадар, бидејќи и нејзиниот сопруг, според медиумските извештаи, е на чело на партиски огранок на Алијанса за Албанците.
Исто така, именувањето на Верзиволи како член на Советот на ААВМУ е спротивно на законскиот услов за осумгодишно искуство во струката, бидејќи Верзиволи има помалку од пет години такво искуство.
Сличен е случајот и со именувањето на Нафије Селмани, која беше член на претседателството на Алтернатива до 2021 година, кога поднесе оставка во знак на незадоволство, бидејќи Алтернатива како дел од Владата на СДСМ-ДУИ немаше најдено место за жените во извршната власт. Потоа, на локалните избори беше кандидат за општински советник во Чаир – функција што ја извршува и денес. Оттука и прекршувањето на член 5, став 3 од Законот за ААВМУ.
Во врска со именувањето на новите членови, Левица ги отфрла изнесените невистини од страна на Илире Даути од Алијанса на Албанците, која во ваквото незаконско именување на членови на Советот на ААВМУ, ја инволвира и Левица во својата изјава за ,,претходно наместена игра од страна на политичките партии” и наводна ,,координација на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ, можеби, и со СДСМ и од друга страна со Левица, можеби и со ВЛЕН”.
Левица се залага за транспарентен избор на членови на овој совет; се бори против лажираните податоци на кандидатите и против незаконското назначување на истите. Апелираме – власта да ги надмине своите политички апетити и да именува квалитетни, крајно професионални и непартиски кадри во Советот на ААВМУ!“, соопштуваат од партијата Левица.