Македонија
Подофицер и војник во АРМ заразени со коронавирус
Денеска, потврдени се два случаја на припaдници на Армијата позитивни на коронавирус.
Станува збор за подофицер и војник во АРМ, кои извршуваат работни задачи во гарнизонот во Скопје.
Едниот од нив извршувал работни задачи во воениот ресторан во касарната „Илинден“ како помошен персонал, информираат од Генералштабот.
„Веднаш по сознанието за случајот на војничкиот ресторан, извршена е целосна дезинфекција и преземени се сите потребни заштитно-здравствено епидемиолошки мерки, а ресторанот ќе биде затворен наредните 24 часа, при што на персоналот ќе му биде делен сув оброк“, се наведува во соопштението.
На целокупниот персонал за кој се претпоставува дека бил во контакт со лицето му е одредена изолација и тој од утре ќе биде сменет со комплетно нов персонал.
Двајцата припадници кај кои е откриен позитивен наод веќе претходните неколку денови биле превентивно во самоизолација кога членови на нивните семејства се посомневале во симптоми на Ковид-19.
Заразените воени лица не патувале во странство.
Од Армијата додаваат дека во изминатиот период целосно ги пoчитуваат препораките од Министерството за здравство, при што одреден број припадници превентивно се повлечени во самоизолација и при самото сомневање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова на отворањето на Зимската школа: Македонскиот јазик е темел на идентитетот и културната самосвест
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видео-порака се обрати на свеченото отворање на Шестата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, која се одржува под нејзино покровителство.
Сиљановска-Давкова ја оцени Зимската школа како значаен настан што ја продолжува долгата научна и културна традиција на македонистиката и нагласи дека таа претставува жива академска дебата за македонскиот јазик како темел на идентитетот, меморијата и културната самосвест.
Таа посочи дека во услови на забрзани промени, дигитализација и глобални влијанија, македонскиот јазик мора да биде функционален и видлив во дигиталниот свет и да остане жив за идните генерации, како во земјата, така и во дијаспората.
Според неа, Зимската школа е влог и инвестиција во иднината на македонскиот јазик и македонистиката како светска научна мрежа, а како успешен пример на образовна и научна дипломатија придонесува за меѓунационалниот дијалог и меѓусебното идентитетско разбирање и признавање.
Во обраќањето, претседателката ја истакна и улогата на лекторатите по македонски јазик како културни пунктови и жаришта на македонистиката и изрази надеж за нивно зголемување. Таа ја прогласи Шестата зимска школа за отворена и им посака плодна и инспиративна работа на учесниците.
Македонија
Судењето за „Пулс“ почна со предупредување за родителите на загинатите дека ќе бидат исклучени, по тензиите со бранителката на Јованови
Денешното судење за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ со 63 жртви и над 200 повредени почна со предупредување за родителите на загинатите кои го следат судењето. Пред да почне сослушувањето на сведоците, судијката Диана Груевска-Илиевска ги предупреди родителите на загинатите да го почитуваат редот во судницата и им објасни дека сите обвинети имаат право на адвокат, по тензијата од минатото рочиште. Ги предупреди дека ќе бидат исклучени од судењето доколку го нарушат редот во судницата, а исклучување на јавноста на следното нарушување на редот побара и адвокатката на сопственикот на „Пулс“ и неговиот син, Ивана Коцевска.
Адвокатката Коцевска во саботата побара сите надлежни органи да преземат мерки поради тоа што, како што кажа, нејзиниот лик бил „злоупотребен и фотошопиран во небулозна форма“ на транспарент за време на „Маршот на ангелите“ во Кочани.
Родителите на загинатите, пак, тврдат дека е неточно тврдењето дека на транспарентот била адвокатката Коцевска, дека тие воопшто не ја споменале, но таа се препознала.
„На постерот не се препознавате само вие, се препознаваат и други лица кои имаат физичка сличност со ликот, но никој од нив не реагираше ниту ја толкуваше пораката како напад. Единствено, вие адвокатке Коцевска излеговте со тврдења дека сте биле лично засегнати. А зошто? Ние семејствата не ве ни споменавме, ниту ве нападнавме. Ние семејствата се бориме за вистината за изгубените животи на нашите најмили“, рече Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова.
На денешното рочиште ќе сведочат петмина сведоци на Обвинителството кои го преживеале пожарот во „Пулс“.
Македонија
(Видео) СДСМ алармира за унгарско медиумско влијание
Антикорупцискиот тим на СДСМ го разоткрил, како што наведуваат, „медиумскиот октопод“ поврзан со ВМРО-ДПМНЕ, кој, според нив, функционира како политичка алатка за ширење на влијанието на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Северна Македонија.
На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, изјави дека унгарски компании и поранешни високи функционери од унгарскиот јавен сервис систематски купувале контролни удели во македонски телевизии и портали. Како примери ги наведе фирмите „Target Media“ и „Adinamic Media“, како и медиумските групации поврзани со Алфа ТВ и повеќе онлајн портали.
Според Фрчкоски, овие структури служат како канали за политичко и идеолошко влијание и се дел од поширок проект на Орбан, во кој ВМРО дејствува како локален извршител. Во тој контекст, тој ја спомена и одлуката на Владата за влез на унгарската компанија 4iG во телекомуникацискиот сектор.

