Македонија
Пожарите во делчевско и пехчевско се шират, се појавиле и нови жаришта
Според информациите на Центарот за управување со кризи сеуште е активен пожарот во атарот на делчевско а се појавиле и нови жаришта.
Првата локација кај с. Разловци месноста викана „чокалица“. Пожарот е локализиран но екипите се суште на лице место. Другата локација е во атарот на с. Тработи и Нов Истевник над Света Вода.
Пожарот е ставен под контрола, велат од ЦУК.
Пожарот на територијата на Општина Пехчево е сeуште активен истиот се проширува на територијата на Општина Берово. Гаснењето се одвива на непристапни подрачја на с. Будинарци. Се бара помош од АРМ со 30 војници и средства за гаснење на пожарот бидејќи ситуацијата е алармантна.
Пожарот кој беснее во атарот на с. Будинарци од силниот ветер се шири кон атарот на с. Мирашинци каде гори борова шума.
ТППЕ- Штип во 12:00 часот, добиле дојава за пожар кој избувнал во атарот на с. Драгоево во Општина Штип.
Има сознанија за ново жариште кај с. Богословец на територијата на Свети Николе.
Пожарот кај Раовиќ– Буковиќ се движи кон сртот, нема опасност за селата, велат од ЦУК.
Дообјаснуваат дека таму гори мешана шума и е на доста непристапен терен. На местото на пожарот нема ниту една екипа.
Контактирано е со Председателот на Советот на општина Сарај кој поднел известување за состојбата.
Во врска со пожарот кај Катланово, односно Дивље и Крушје, превземени се активности од страна на Кризниот Штаб со употреба на воздухоплови. По нивни налог евакуирани се сите актери во гаснењето на овој пожар на безбедна оддалеченост.
По наводите на техничкиот директор на ШС Караџица, како и врз основа на контактите со луѓето кои се на теренот, направен е до сега еден прелет каде водата паднала на пожарот но по кратко време пак се разгорел и се проширил.
Пожарот сега се движи кон с. Дивље и поради дејството на авијација, оневозможено е гаснење од земја.
ШС- Караџица известува за димење кон Преслап на Китка. Добиено е известување од нивни шумари дека се работи за чадење од пожар кој со време губи на сила.
Од ТППЕ Св. Николе известуваат дека во 11.30 часот повторно е активиран, односно препален пожарот кај Богословски рид.
Пожарот кај Крушје- Џидиминци е локализиран и не се шири.
Во 11 часот дејствуваа воздухоплови кај с. Дивље на скопска страна но сеуште димат дрвја во внатрешноста на пожарот. Лицата на терен од велешка страна го контролираат пожарот на теренот.
Пожарот кај с. Иванковци – с. Мамутчево е изгаснат.
Опожарени се 8 хектари стрништа.
Во Прилепско во моментот има 2 активни пожари на отворен простор и тоа:
-во атарот на селата Дрен- Смолане каде гори сува трева и шума, а постои опасност да биде зафатена и високостеблеста борова шума.
-Во 10:10 часот повторно е реактивиран пожарот кај с. Топлица покрај магистралниот пат Прилеп- Градско.
Интервенираат во с. Дрен- Смолане.
ТППЕ Тетово известува за помал пожар покрај патот Шипковица-Бродец каде гори сува трева.
Помал пожар има и во атарот на с. Романовце на опожарена сува трева, соопштија од ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 16 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во сабота кога ќе има зголемено наоблачување. Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Македонија
СДСМ некогаш беше државтворна партија, а сега се занимава со трач муабети, реагира движењето ЗНАМ
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија реагираше на, како што наведуваат, обвинувањата од СДСМ, оценувајќи дека партијата „бега од одговорност со навреди, етикетирања и лични дискредитации“.
Во реакцијата, од ЗНАМ наведуваат дека СДСМ, наместо да понуди аргументи и одговори за кономската и институционалната состојба во државата, се занимава со „озборувања“ и „трач муабети“.
Партијата оценува дека СДСМ, која некогаш беше државотворна партија, денес е сведена на фабрика за навреди, конструкции и политички отров, како и дека со улична реторика покажува нервоза и очај.
Од ЗНАМ нагласуваат дека движењето не е ничја квислиншка група, туку автентична политичка сила создадена од граѓани разочарани од владеењето на СДСМ.
Во реакцијата се споменува и периодот на владеење на Зоран Заев, при што се изнесуваат критики за, како што наведуваат, националните политики и управувањето со државата. Се споменува и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, при што се посочуваат, како што стои во реакцијата, контроверзии и сомнежи за тендери и набавки.
„Политиките на Зоран Заев останаа запаметени како период во кој националните интереси се ставаа на распродажба без јасен консензус и без чувство за државничка мерка. Со рачето на срце се промовираше како чесен и достоинствен, а всушност државата ја претвори во сопствен приватен бизнис. Симболиката на „едно евро за Вицето, едно за црквата“, беше само дел што нештото го докажува. Ги распродадоа македонските национални позиции на ангро, без јасна стратегија и без поддршка, ја разнишаа довербата во институциите и ја продлабочија поделбата во општеството. И по сето тоа, истите тие кругови, истото тоа раководство, се обидуваат да зборуваат за морал и одговорност, како граѓаните да немаат паметење. Во периодот кога со здравството раководеше Венко Филипче, јавноста беше сведок на низа контроверзии, сомнежи за тендери, набавки и прашања на кои никогаш не доби целосни и транспарентни одговори. Златни визи, сомнителни бизнис релации и повластени шеми, сето тоа се случуваше во време кога СДСМ ветуваше „живот за сите“, а испорача привилегии за малкумина“, велат од ЗНАМ.
Од ЗНАМ дополнително оценуваат дека опседнатоста на СДСМ со наративи за т.н. ‘српски свет’ и со случувањата во соседна држава и нивната постојана потреба да отвораат фронтови и да се караат со сите, од политички партии до новинарие прашање што партијата треба да го решава во сопствени рамки.

