Македонија
Пожарникарите гаснеа три пожари на отворено, информира ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало вкупно 2.028 повици. Од нив „реални“ биле 60,06 отсто, а 39,94 проценти не биле итни. Кон полиција биле упатени 67,16 отсто, кон Итната медицинска помош 19,82, кон пожарникарите 5,03, а кон АМСМ 0,30 проценти од реалните повици.
Според ЦУК, регистрирани се и три пожари на отворено. Од 11.50 до 12.45 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснела запалена ниска вегетација во атарот на с. Могила (Општина Битола), во 16.20 до 19.20 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснело запалено ѓубре патот од Демир Хисар кон Струговско Езеро (Општина Демир Хисар), од 19.00 до 19.50 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснело запалено стрниште во с. Крупиште (Општина Чешиново Облешево) и од 15.50 до 17.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило се гаснело запалено стрниште во атарите на селата Таринци и Карбинци (Општина Карбинци).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на блокот згради од булеварот Партизански Одреди бр.17, кон улицата Максим Горки, општина Центар.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во втор круг за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат најмногу гласови и во Советот

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се соочат во вториот круг од локалните избори што ќе се одржи на 2 ноември.
Според податоците на Државната изборна комисија, од пребројани 91 отсто од гласовите, во водство е Орце Ѓорѓиевски со 36,62 отсто, односно 82.155 гласови, а зад него е Мециновиќ со 13,35 проценти, односно 27.686 гласови.
Зад нив е Башким Бакиу од „Влен“ со 12,15 отсто, Каја Шукова од СДСМ со 11,52 отсто и Скендер Реџепи од ДУИ до 11 отсто од пребројаните гласови.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица доминираат и во Советот на Град Скопје. Според официјалните податоци од ДИК, ВМРО-ДПМНЕ во Советот има 35,46 отсто од гласовите, а зад нив е Левица со 12,04 проценти.