Македонија
Електричната инсталација е причина за пожарот во Инспекторатот за животна средина, изгореа шест простории
Електричната инсталација е најверојатно причината за пожарот во канцелариите на Инспекторатот за животна средина, смета Владимир Симоновски, командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје. Пожарот во просториите е изгасен за два часа, соопшти Симоновски, кој додаде дека станува збор за комплексна операција бидејќи пристапот бил тежок. Првичната проценка кажува дека се опожарени шест простории.
„Пожарот е пријавен во 6:50 минути, во канцеларии на СЕП, така е дојавен пожарот од страна на чуварот. Тука е пристигнато во 6:55, при пристигнувањето со првите две возила, побарани се дополнителни две возила. За вереме на интервенцијата имавме девет противпожарни возила и 24 пожарникари. Можевте и сами да видите дека станува збор за сложена интервенција, внатрешниот дел не се канцеларии на Секретаријатот за европски прашања туку на Инспекторатот за животна средина. Станува збор за стара Комерцијална банка, која внатре е преградена со ходници, гипс-картони и стаклени врати. Во моментот внатре не работи ниту еден хидрант, ниту една хидрантска мрежа. Тоа претставуваше поголем проблем, бидејќи не можевме да го затвориме пожарот од внатрешна страна, моравме да кршиме прозорци за да влеземе внатре. Пожарот е локализиран околу 8:50 минути“, рече Симоновски.
Во просториите каде што избувнал пожарот немало вработени, потврди командантот на Противпожарната бригада.
„По она што ние го видовме внатре и екипите кои догнасуваат внатре, причината веројатно е поради некои канцелариски материјали и некоја електрична инсталација. Причинител не е можно во овој период да биде грејно тело, се е до електричната инсталација, ЕВН ја немаше исклучено струјата до пред 30 минути, имавме уште под напон струја, затоа го гасневме во толку наврати. Внатре немаше ниту еден од вработените, не знаевме како да влеземе и пристапиме, се додека не дојдоа од МИА, новинската агенција кои ни дадоа шема, како се влегува од задната страна. Сега за сега, како што видовме, зафатени се шест простории, а со дочистувањето, ќе утврдиме колку точно простории се“, додаде Симоновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

