Македонија
Пожарот над Радовиш навлезе во борова шума, а во близина има и викенд населба; „Се претвора во голем шумски пожар“, рече Ангелов
Пожарот што изби над Радовиш се претвора во голем шумски пожар, бидејќи огнот веќе навлезе во борова шума, информираше попладнево директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Локалните пожарникари се обидуват да ја пресечат линијата на огнот и ќе побараат помош од струмичките колеги. Ангелов вели дека од искуството со борова шума, тоа се исклучително тешки пожари за гасење.
Пожарот се наоѓа на 7 километри од Радовиш, а на неколку километри од боровата шума има викенд населба покрај самата рака.
Денес има повеќе од 10 активни пожари на отворено.
Најсериозен пожар и денес е оној на планината Серта, кој се протега делумно на територијата на општина Штип и делумно на Неготино. Попладнево овој пожар уште повеќе се разгоре, а таму дејствува хеликоптерот кој Турција денес го испрати на помош. Борова шума е зафатена и со огнот на Серта.
АМСМ попладнево информираше дека затворен во двата правци е патот Неготино-Штип кај селото Пепелиште поради безбедноста на возачите.
Голем пожар има и на границата со Бугарија, каде дејствуваат четири ер трактори. Пожарот е при крај да биде локализиран, по што, како што најави Ангелов, ер тракторите ќе се упатат кај Серта.
Се очекува во текот на утрешниот ден да пристигнат и хеликоптерите од Словенија, Србија и Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

