Македонија
Пожар над Катланово, го гасне скопската противпожарна бригада со поддршка на два ер трактори
Центарот за управување со кризи извести дека денеска попладне, околу 15.30 часот избувна пожар над Катланово кој зафати нискостеблести растенија но и дрвја.

Пожарот, како што соопшти ЦУК го гасне скопската бригада за противпожарна заштита со поддршка на два ер трактори на ДЗС.

На лице место е и градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стабилно и студено со ниски утрински температури
Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредниот период
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен приклучок Ф200мм. на улица Титовелешка бб.со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата Маџир Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сообраќајка на патот Прилеп-Битола, сообраќајот во прекин
Од 21 часот сообраќајот на регионалниот пат Р – 1101 Прилеп – Битола кај селото Тополчани е во прекин.
Како што соопшти АМСМ во вонредниот извештај, прекинот е поради случена сообраќајна несреќа.
Во моментов нема податоци за учесниците во несреќата, ниту за можни повреди.

