Македонија
Пожар на железничката станица во Гевгелија: се запалила локомотива од воз
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие бил евидентиран еден пожар на отворено вчера во Охрид а во Гевгелија синоќа имало еден невообичаен пожар на железничката станица во Гевгелија.
Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид , известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, од 11.10 до 12.10 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило, гаснеле запалено стрниште во с.Рамне.
Регионалниот ЦУК Струмица известува дека пожарникарите од ТППЕ Гевгелија со едно ПП возила и два пожарникара од 00.30 до 01.07 часот имале интервенција за гаснење на запалено влечно возило – локомотива од воз, на железничката станица во Гевгелија, при што нема повредени лица.
Пожарот е целосно изгаснат. Штетата дополнително ќе се утврдува, појаснуваат од ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

